Што има во град викендов?

Сабота 16.06.2018

[10.00] ONE Love TOUR 2018 – Skopje // Градски Парк

ЕДНА ЉУБОВ преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации!

Настапуваат:
Златно Славејче, Љубојна, Ансамбл Булгаре, Деси Добрева, Oратница, Сашко Коцев, Фолтин, Графа, Next Time и Слаткаристика.

Влезот е слободен!
Локација: Градски парк, голема полјана (позади езерце)
Големото отворање на второто издание на фестивалот започнува во Скопје. Целодневна презентација на најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија. Настани, поделени по нивниот стил, насочени кон различни профили – семејства со деца, активни млади луѓе и софистицирани возрасни групи.

[12.00] Македонски Алтернативни Награди 2018 // Школка Градски Парк

М.А.Н – Македонски Алтернативни Награди по 4-ти и можеби последен пат… “Бла Бла ТВ – Погребение” Награди за Особен придонес и развој на Македонската Алтернативна Сцена.. 16-ти Јуни (Сабота) – Настап во живо на Еминентни музички артисти и бендови за Подршка на Првата и единствена Алтернативна Телевизија – Бла Бла ТВ – www.blabla.mk

[19.00] KILLA Brand Launch // Пул Бар Ирина

Summer Vibes Vol.3
Добродојдовте !
Време е да се ослободите од дневните обврски и да се препуштите на забава.

Сабота 16 Aвгуст 2018
Журката ќе почнува од зајди сонце во 19:00 до 01 :00

DJ – Артисти :
Warp Up
Vic Velkovski
https://www.beatport.com/artist/vic-velkovski/564200
*Philip Ackowsky
https://www.beatport.com/artist/philip-ackowsky/558146

Нешто повеќе за тимот Old School Music :
https://www.youtube.com/user/Sumarful/videos

Резервациите се во ограничени број ке ве молиме за резервација слободно да не контактирате на +38971842076

Ќе ве замолиме сите посетители да носат лична карта. (18+)
Билетите ќе се набавуват на врата од цена 200 денари
со вклучена пијачка!

Недела 17.06.18

[12.00] Скопје за Битола: Некултурно // Винил

Скопјани, Битолчани во Скопје и сите останати народи во близина, јавете се.

Битолското некултурно лето е уште еден изблик на независната културна сцена во Битола која неуморно оди со глата низ ѕидој и, пак, без институции, фондации и грантови, сака да напрај нешто убо за Битола.

За да го постигниме то, ни треба вашата помош, па зато, во недела (17 јуни) во Винил, организираме фандрејзер, кај шо можите со купвањето на овие многу кул маици, (https://www.facebook.com/zadruga.artikultura/posts/1775521639164424) или со обична донација, да ги поддржите нашите потфати за поубав културен живот во Битола.

[20.00] Градот УБАВ Отворање на Skopje – street art & graffiti gallery // Градски Трговки Центар

Во рамките на проектот „Градот Убав“ ќе се реализира првата отворена галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст. Задоволство ни е да ве поканиме на нејзиното отворање, на 17 јуни 2018-та година, во 20:00 часот во сутеренот на ГТЦ (автобуската постојка).

Иницијатор на овој настан е архитектот и уметник Филип Конески, а организатори се Младинскиот културен центар, Град Скопје и Градски трговски центар – Скопје.
Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).