Што има во град викендов?

Сабота 9.6.2018

[10.00] Ридско-Брзинска Трка Водно // Водно

Официјално, првата трка од Ридско-Брзинскиот државен шампионат на Македонија се вози на 09-10.06.2018!

[13.00] KILLA Brand Launch // Јавна Соба

Brand launch and Pop Up Shop на KILLA.

Добредојдени се сите кои се чуствуваат урбано и сакаат да бидат поинакви од секојдневната монотонија, ве покануваме на нашиот Прв Настан од овој карактер, и сакаме да бидете дел од нашата приказна.
На промоцијата ќе бидат претставени нашите 4 модели од летната колекција на маички со Кратки Ракави (Oversized Streetwear)
*Greta
*Zelda
*Akilah

www.killla.com

killa.officiall

[17.00] Women can! // Концепт Центар Една Може- Една Прави

Жените можат! е проект кој таргетира и вклучува жени, девојки и девојчиња од сите генерации, и деца на жените-мајки, кои се интересираат за креативно практицирање на женско културно и социјално, интердисциплинарно самојакнење.

Прокетот Жените можат има за цел да ги зајкне учесничките, да ги информира и стекне со знаење и вештини за разбирање на родовите нееднаквости, во контекст на оптественото функционирање, но и во контекст на индивидуалните права. Жените можат воведува уникатни приоди и методологии за да ја подигне свеста на учесничките за различните нерамноправни улогуги и одговорности на жените и мажите во секој поединечен контекст.
Исто така, проектот ќе овозможи граѓанска едукација за правата, потребите и препораките за воспоставување на родова еднаквост, теоретски, практични и креативни интердисциплинарни, неформални работилници.

Пријавување:

[19.30] Bolzer ~ Shock Troopers ~ Садо Зора // Младински Културен Центар

Terrorvoid Promotions во соработка со Здраво Млади, ви ги претставуваат Bolzer! Еден од најуникатните бендови моментално на светската метал сцена. За комплетен холокауст на вашите сетила ке се погрижат Садо Зора и Shock Troopers!
Морбиден дум метал и вртлог појавен од темни облаци.
Карта 400 ден во претпродажба, 600 ден на денот на концертот!!!

[13.00] Skopje Pride Weekend 2018

09.06.2018 – сабота

13:00
Muzej na sovremenata umetnost – Skopje

Проекција на филм:
Жената лубеница / The Watermelon Woman (https://goo.gl/AAgwcd)
1996 (90’)
САД
Режија: Шерил Дунје
Јазик: Англиски

Додека работи на еден филмски проект, дваесет-и-нешто годишната црна лезбејка Шерил станува опседната со потрагата по Феј Ричардс, црна актерка и лезбејка од 1930тите години позната единствено како „Жената Лубеница“ која имала афера со белата холивудска режисерка Марта Пејџ.
______________________________________________________

09.06.2018 – сабота

20:00
Младински Културен Центар – МКЦ

Дијамант / (Diamond)
David Hoyle
со гостување на The LipSinkers

Дијамант претставува тегобно и пријатно патување низ ЛГБТ еманципацијата, почнувајќи од 1957 година до денешните настани преку возбудливата биографија на Дејвид Хојл. Неверојатно авангардно театарско дело, Дајмонд плови низ трансформацијата на геј контра-културите, квир родот и сексуалноста, и британските општествени ставови. Ќе им се допадне на сите што веруваат во борбата за еднаквост.

Дејвид Хојл ја шири пораката за проблемите со родот и други политички прашања до публиката од 1990тите години. Да не беше тој, немаше да постои родово флуидниот дрег на кој толку многу се навикнавме во последните години.

The LipSinkers е дрег театарска трупа која изведува мимика на познати поп песни. Меѓутоа нивното шоу не може да се поистовети со забавните дрег телевизиски емисии како A Night Out со Дени Ла Ру или Drag Race на Ру Пол. Настапот не се препорачува за публика со слабо срце или ненаклонета кон хаос. Бизарно, диво, смешно и свежо. – Д скотсмен
______________________________________________________

10.06.2018 – недела

13:00
Muzej na sovremenata umetnost – Skopje

Предавање на Del LaGrace Volcano (проследено со презентација на фотографиите од изложбата во МСУ)

Белешки за бидувањето спектакуларен примерок: Интерсексуалноста и политиките на репрезентација
______________________________________________________

10.06.2018 – недела

20:30
KINO Kultura

Пред да излезам (ме сакаш) / (Before I Step Outside (you love me)
Травис Алабанза (Travis Alabanza)

Познатиот транс уметник и изведувач Травис Алабанза настапува со дело од неговата прва збирка поезија „Before I Step Outside (you love me)“. Создаден во јавен превоз, перформансот (во кој се соединуваат звуци, поезија, театар и проекции) го секцира и отвора прашањето што значи да постоиш како транс личност надвор.

Травис Алабанза е изведувач, писател и драматург кој живее во Лондон. Во изминатите две години се утврди како еден од најпроминентните нови квир гласови во Обединетото Кралство и ширум светот. Со жестоки, оригинални и поразително искрени дела – емотивните изведби на Алабанза се бележат како „иднината на квир перформансот“.
______________________________________________________

10.06.2018 – недела

22:00
KINO Kultura

Диџеј сет на Sonja Sajzor (Србија) и
Дрег шоу на Haus of K.G. (KayGie) и Острога Ми (https://goo.gl/TiBZuS) (Србија)

Соња Сајзор е трансфеминистка, организаторка на настани, кант-авторка, уметничка директорка, диџеј и мултидисциплинарен визуелен уметник чии алатки за уметнички израз се шминката, костимографијата, графичкиот дизајн, фотографијата, филмот и перформансот.

Хаус на К.Г. (КејЏи) е дуо составено од дрег кралици кои ја поддржуваат дрег уметноста, club kid модниот стил и други квир експресии. Хаус е визуелна платформа за експериментирање со креативноста, модниот стил и други уметнички фантазии.

Дрег кралицата Острога Ми е комбинација од традиционално патријархално христијанство и циганска магија. Таа е домаќинка и гатачка на прво место, а потоа сѐ друго, постојано го бара вистинскиот маж на кој ќе му роди синови. Острога е магична циганска кралица и може да ти ја прочита иднината побргу
отколку што ќе те прочита тебе.

[17.00] Skopje Street Festival

Уживајте во најдобрите Street манифестации, слушајте ги Саф и Кирил Џајковски и јадете ги најдобрите хот догс и бургери на овогодинешниот Skopje Street Festival во Градскиот парк.

Фестивалот почнува утре од 17 часот и ќе трае до 9 јуни.

Недела 10.6.18

[11.00] Extreme POWER City Tuning Show No.2 // Арена Борис Трајковски

Тимот на EXTREME POWER CITY – SKOPJE по првиот успешен настан и оваа година организира меѓународен настан кој ќе го одбележи месецот и годината на CAR револуцијата во Р. Македонија.
Во својата програма нуди целодневна забава како за натпреварувачите така и за посетителите.

Контакт:
email: epc.skopje@gmail.com
– Ико +389 78 26 96 52
– Дејан +389 78 31 91 31