Што има во град викендов?

Сабота 2.6.2018

[12.00] Германската амбасада организира „Ден на германски јазик“ // Градски парк

„Ден на германски јазик“ е насловен културниот настан, што ќе се одржи во Градски парк во Скопје на 2 јуни, а го организира амбасадата на Германија, во соработка со Гете-институтот, Германската служба за академска размена, Здружението на професори по германски јазик, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и училиштата кои имаат специјални паралелки со поголем фонд на часови по германски јазик.

Настанот ќе го отвори германскиот амбасадор Томас Герберих во 12 часот.

Програмата ќе содржи кратки театарски претстави, песни и поезија, што ќе ги изведат ученици и студенти од партнерските училишта и универзитети. Специјални гости ќе биде германското хип хоп и реге дуо „Уве Ка“.

Свои штандови ќе имаат основните училишта „Песталоци“, „Григор Прличев“ и „Владо Тасевски“, гимназиите „Георги Димитров“, „Јосип Броз Тито“ и „Браќа Миладиновци“, државните универзитети од Скопје, Штип и Тетово, како и германските и австриските партнери.

[12.00] Омајгад презентира: БекТуБејзик // Кафе Бар Љубов

Идеме јако!
Нов датум, кул дизајни и ултра супер журка и провод.

Се гледаме на втори јуни во Кафе Бар Љубов.
Спремни дизајни, стикери, музика, алкохол и чудесии.

[17.00] Reborn presents: Музеј Дебар Маало // Дебар Маало

Како што нè научија sci-fi филмовите со портали за патување низ времето, кога еднаш ќе ги отвориш портите кон нешто, тешко е да ги затвориш.

Затоа те покануваме на REотворањето на портите на еднодневниот музеј, „Музеј Дебар Маало“, што ќе се случи на 2 јуни, сабота.

Ланскиот музеј броеше 6 простории, дела од над 70 локални артисти и повеќе од 2000 посетители. Овој пат, како што нè убедува логиката, треба да биде уште поголемо и погласно.

Оваа година музејот се проширува со вкупно 9 простории, секоја од нив сместена во различно кафуле во Дебар Маало и посветена на различен аспект од културата, и повеќе од 80 локални уметници.

По затворањето на кафичите, Музејот ќе продолжи во летен Сектор 909 со Reborn after.

Некои битни информации. Повеќе инфо наскоро.

Соба за музика (со концерти на MK бендови) [Винил / Vinyl]
Бендови: Rib, Cóntact 59, The Local Blue

///

Соба за сликарство [Casa Bar]
Повеќе инфо наскоро…

///

Соба за фотографија [Thirio bistro bar]
Фотографи: Ирина Аврамовска, Даниел Чуклев, Борјана Јорданова, Тео Ангелковски, Бето Идризи, Иван Момировски, Ирина Крстевска, Христина Трајковска и Јане Николовски.

///

Соба за инсталација [Nano Bar]
Инсталација: Простор на Нано бар ќе биде целосно претворен во една голема уметничка инсталација. Заедно со Red Bull објавивме јавен конкурс, чиј победник ќе ја реализира својата идеја, во чие јадро ќе биде сместено Red Bull фрижидерче.

///

Дизајн маркет (Reborn pop-up shop) [Kantina]
Продажба на рачно изработени производи од: Mei Ro, Mario Maneski,Микери, Foreground Totebags, Andrej Pavlov, Pocket Gallery, Cactus Design, 0.10error of harmony, Vanja Shtrkova,
Vrchkovski – Native Materials Lighting, Shemko Illustrations, Just Because. Art & Design Studio, Mariguccha, Em Ellephantski, MightyJewelry, Melani Digit, Ana Zdravkova, Karlo Horvat, Elena Ristovska и други…

///

*Тетовирање на „слепо“ [Kantina]*
*Тату артисти ќе ги тетовираат храбрите посетители на музејот со тетоважи по избор на артистот!
Тату артисти: Nameless Tattoo

///

Соба за графички дизајн [Кафе Бар Синдикат]
Постери дизајнирани од: Дијана Димитриевска, Мики Стефановски, Игор Делов, Јана Мишева, и други…

///

Соба за перформанс [TBD]
Импров театар: Импровизаторската театарска група „Настап” ќе ја претстави својата нова и актуелна претстава. Имрпво театарската група е составена од Тони Денковски, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски, Мартин Манев, Андреј Цветановски и Димче Николовски – Димсата.

///

Соба за Cocktail Art [Speakeasy]
Reborn-мени со коктели

///

Храна [Doggy’s и Кантина]
Reborn-мени

///

AFTER [Sektor 909]

[17.00] Women can! // Koncept Centar Edna Moze/edna Pravi

Жените можат! е проект кој таргетира и вклучува жени, девојки и девојчиња од сите генерации, и деца на жените-мајки, кои се интересираат за креативно практицирање на женско културно и социјално, интердисциплинарно самојакнење.

Прокетот Жените можат! има за цел да ги зајкне учесничките, да ги информира и стекне со знаење и вештини за разбирање на родовите нееднаквости, во контекст на оптественото функционирање, но и во контекст на индивидуалните права. Жените можат! воведува уникатни приоди и методологии за да ја подигне свеста на учесничките за различните нерамноправни улогуги и одговорности на жените и мажите во секој поединечен контекст.
Исто така, проектот ќе овозможи граѓанска едукација за правата, потребите и препораките за воспоставување на родова еднаквост, теоретски, практични и креативни интердисциплинарни, неформални работилници.

Резулат на Жените можат! е промена во перцепциите и знаењата, и мотивација за:

1. Водич во основи на родови науки,
1.А. жени во медиуми: диети, иделано женско тело, портретизација, ДР. Ирена Цветковиќ
2. Женски права, женско движење и активизам,
2.А. Жени и активизам на социјални медиуми, Наташа Доковска,
3. Женски работнички права
3.А. Ана Василева, феминистка, активистка
4. Родово базирано насилство
4.А. семејно насилство, Билјана Настовска, феминистка, активистка
5. Женски граѓански организации низ партиципативни процеси во демократско општество,
5.А. жени во политики. Др. Дијана Стојановиќ Ѓоргиевиќ
5.Б. Ивет Ѓоргиева, активистка
6. Културолошки родови димензии,
6.А. Др. Ана Мартноска
7. Женска уметност и артивизам.

Пријавување: https://docs.google.com/forms/d/1NNDGBXw4uQeDQxyiqkpYVson0zFhZclJoHifxze...

[17.00] Проекција на кратки етнолошки филмови – Тема: Не! // Музеј на Македонија

Со големо задоволство, како дел од Тема: Не!, Студентското археолошко здружение „Аксиос“ и Македонско студентско етнолошко – антрополошко друштво – МСЕАД Ве носат на патување ширум светот и запознавање со различни култури преку проекција на неколку кратки етнолошки филмови.

Програма:

Land of Udehe | (26’06’’), Русија
Овој филм не носи во светот на Удехе – домородно население од истокот на Русија. Според пописот од 2010 година, нивната популација се спуштила на 1490 лица.

Outro Fogo | (19’50’’), Бразил
Сензорна снимка за афинитетот и опозицијата како релации со огнот при конзервацијата на Cerrado биомот.

Keep them Talking | (20’14’’), Јамајка
Во светот на Youthy „никому не може да му се верува!“. Сместен во рурална Јамајка, Keep them Talking ја раскажува приказната за Youthy, земјоделец кој се обидува да заработи за живот. Сите се против него. Тие го крадат, му фрлаат магии и се обидуваат да го задржат „долу“. Веќе станува премногу. Единствениот начин да ги сврти работите е да преземе контрола и да им фрли повратна магија. Keep them Talking ни дава ексклузивен поглед во денешната општествена реалност на Обеа маѓепсништвото, нелегална практика во Јамајка од 1760 година. Обеа се прикажува не само како средство за достигнување на лични цели, туку како клучна точка во општествените релации.

Unity: Dress-scapes of Accra | (36’15’’), Гана
Етнографски филм за африканската мода во главниот град на Гана. Се чини дека африканскиот принт повторно се појавува во модниот систем на Акра. Додека го следи Алан, моден дизајнер, и неговата сопруга Синтија, овој мозаичен филм ја покажува големата разноликост на кројачка мода и хибридни стилови, како и начините на кои се користи африканската облека и изразот на културата со носење на африканските принтови. Процесот на шиење фустан го доловува бракот меѓу материјалот и дизајнот, традицијата и креативноста и мажот и жената.

Solaris | (25’01’’), Естонија
Филмот ги прикажува часовите пред затварање и ноќното отчукување на срцето на еден шопинг центар во Талин – место изградено да го забавува и отсликува светот. Амбивалентноста на камерата и извонредниот звук го соочуваат гледачот со сировата материјалност на минувачките средби и атмосферата која постепено се трансформира.

[19.00] Изложба на Крсто Анастас Глигорјадис-VANITAS // Македонска Опера и Балет

VANITAS-СУЕТНОСТ е симболична уметност која што ги означува минливоста на животот, безполезноста на задоволството и неизбежноста на смртта, со контрасни симболи на богатство и симболи на ефемерност и смрт.

Концептот на изложбата е инспириран од митот за царот Едип, чија тема е самооствареното трагично предвидување од кое никој не излегол неоштетен.

“И кога ги поздравуваме неизбежните рани и траумите што ги доживуваме со неспоредливата моќ на човеково разбирање, тогаш станува возможно да го разбереме и интегрираме тоа што ни било направено во минатото наместо бескрајно да го повторуваме.”

Прв дел: Изложба на дела
Креативна адаптација на динамичното воздигнување на личноста која се соочува со криза во одреден аспект на своето постоење.

Втор дел: Пренесување на идејата
Социјалните мрежи како современ канал за ширење на една проблематика. Директен пренос на дел од изложбата – live stream.

Трет дел: Перформанс
Претставување на последниот дел од процесот на излекување и не намерна моментална конструкција (времетраење 15-20мин)

На перформансот и целата изложба ќе настапи Vedis, електронски експериментален амбиентален артист кој на сцената фигурира една година но веќе се препознава по својот специфичен звук.

Отварањето на изложбата ќе биде во Фоајето на Македонската Опера и Балет во 19:00 часот со бесплатен влез.

[20.00] Right To Kill (SK) ~ Groaned Cold ~ Angza ~ Disease // Летен клуб Хавана

RIight to kill
D-beat crust/punk од Братислава/Словачка. Со еден албум и една Европска турнеа зад себе во 2017 година, на 2ри јуни повторно во Скопје!
https://righttokill.bandcamp.com/releases
https://www.facebook.com/Right-To-Kill-614016995431331/

Groaded cold
Скопските блекери Groaned Cold по подолга пауза со настап на Incoherent Noise #9.
Co демо позади себе од 2014 година, ова воедно ќе биде и промоција на нивното прво Е.Р издание наречено ‘On My Own’.
https://groanedcold.bandcamp.com/
https://www.facebook.com/Groaned.Cold/

Angza
Скопски нов crasher-crust/punk бенд, со ветерани на домашната сцена, членови кои свиреле во бендови како Born for slaughter, Disease, Defekt, Potop, Stagnator, Arlekin, Jabolko za daskalot, Mental development, Irritatement. Ова ќе биде нивен втор настап.
https://www.facebook.com/anxiousdbeat/

Disease
Со 3 Европски турнеи зад себе и над 130 концерти, над 10 изданија, за прв пат оваа година на домашен терен, ова ќе биде и промоција на нивното ново Е.Р издание кое излезе на винил формат овој месец. Доследни на својот стил, ортодоксен d-beat raw punk без изненадувања.
https://diseasedbeatpunk.bandcamp.com/
https://www.facebook.com/diseaserawpunk/

[20.00] Officina Zoé / Gaye Su Akyol / Ifriqiyya Electrique at OFFest // Младински Културен Центар

Officina Zoé

Cinzia Marzo – vocal
Silvia Gallone – vocal, tambourin, tammorra
Lamberto Probo – vocal, tambourin, tammorra
Donatello Pisanello – accordeon
Giorgio Doveri – violin
Luigi Panico – guitar

Во Саленто, кој се наоѓа приближно таму каде што треба да бидат „врвките на италијанската чизма“, традициите се негуваат со голема гордост. Како една од најзначајните културни експресии во регионот е „пицика“ или „пицика тарантата“, народен танц и музички стил кои што се спојуваат во едно. Officina Zoé веќе неколку години се меѓу главните чувари на „пициката”. Нивните настапи во живо провоцираат искуство на транс. Долгите интензивни и повторувачки вокални делници, заедно со силните, огнени и бесни перкусии и вртоглавата хармоника експлодираат во бесконечен танц. Групата не опстојува само во својата прекрасна „изолација”. Таа е постојано отворена за соработка и со другите култури, како на пример турскиот мулти-инструменталист Мерџан Деде, пејачот од Мали Мамани Кеита и Баба Сисоко. Уште од 1993 година Officina Zoé е најпознатата група која ја изведува традиционалната музика од регионот на Саленто, онаа на своите предци, со ритми кои се возбудливи, терапевтски и забавни, силни елементи на повторното музичко раѓање на целата Јужна Италија. Покрај Европа, Officina Zoé имаат настапувано во САД, Австралија, Кореја, Јапонија, Аргентина, Мароко, Индија.
www.officinazoe.com

Gaye Su Akyol

Gaye Su Akyol – vocal
Ali Güḉlü Simsek – guitar
Gökhan Sahinhaya – bass
Görkem Karabudak – guitar, keyboards
Emrah Atay – drums

Пејачката Гаје Су Акјол растејќи во Истанбул, градот кој низ вековите привлекувал и спојувал различни култури, ја вдишува секоја длабока и слоевита историска одлика на секојдневието, заедно со древните корени на нејзиното семејство од Анатолија. Овие богати традиции се спојуваат за да формираат дел од звукот кој што таа го развива и совршените турски мелодии се испреплетуваат околу пикантните, вибрирачки гитари и ритми. Повторувањето на турските слатко – горчливи искуства од минатото и драматичната сегашност ги прават нејзините текстови храбри и особено лични. Гаје Су Акјол е извонредно успешна во спојувањето на рок и „инди” музиката со препознатливиот турски звук. „Мојот стил наликува на старото турско пеење, богатo и експресивнo“, вели таа. „Мојата музика е нешто ново во Турција, но и во светот затоа што е мешавина на многу стилови“. Во универзумот на Гаје Су Акјол, минатото ја обвиткува сегашноста и ја наговестува иднината. Нејзиниот последен албум “Hologram Ĭmparatorluğu“ е енергичен, моќно опоен и отровно убав. Тој беше проследен со брилијантна европска турнеја.
gayesuakyol.bandcamp.com

Ifriqiyya Electrique

François Cambuzat – guitar, electronics, vocal
Gianna Greco – bass, vocal
Tarek Sultan – vocal, table, tchektchekas
Yahia Chouchen – vocal, tabla, tchektchekas
Youssef Ghazala – vocal, tchektchekas

Ifriqiyya Electrique е уникатен проект. Повеќе од концепт, тоа е вистински адорцистички обред и транс кој што го практикува заедницата Банга. Настап на Банга музичарите во интеракција со електроника и засилувачи. Рекомпонирана музика, трансцендентална и пост-индустриска церемонија. Несомнено, вкоренета во африканските традиции и звуци, нивната традиционална звучност е целосно трансформирана меѓу индустриските звуци и острите гитарски линии. Банга е древна музичка традиција карактеристична за јужниот дел на пустината во Тунис, со цврсти, метални перкусии и групирани гласови. Истовремено, тоа е ритуал со кој се повикуваат духовите да влезат во телото и умот. Ifriqiyya Electrique се конверзација на ритмите и песните на тројцата Банга музичари, со гитарата, басот и електрониката. Нивниот деби албум “Rûwâhîne“ објавен во мај 2017 година за Glitterbeat Records беше меѓу првите десет на светските музички листи во Европа и САД. Тоа е неверојатнo делo, неслушнато досега и тешко повторливо.
www.ifriqiyya-electrique.org

Билети во продажба во Југотон Рекордс, МКЦ и онлајн на www.mktickets.mk.

Продолжува на наредната страна................

Недела 3.6.18

[20.00] Barmer Boys + Trans-Aeolian Transmission at OFFest 2018 // Младински Културен Центар

Barmer Boys

Manga – vocal, harmonium
Rais Khan – khartaal, morchang, bhapang, beatboxing
RAajak Khan – dholak

Barmer Boys се следната генерација на музичари кои ги продолжуваат вековно старите музички традиции на Манганиерите. Глобални амбасадори на современиот фолклор на Раџастан и Суфи музиката. Разновидноста на стиловите на ова трио и нескротливата енергија го надградуваат секој настап, почнувајќи од тажните Суфи калами, преку веселите свадбени песни, песните за љубовта и сеќавањата, до веселите „бит-бокс“ и ди-џеј џем-сејшни. Групата беше формирана во 2011 година за време на Amarrass Desert Music фестивалот во Њу Делхи, за потоа да ја маѓепса публиката на фестивалите и клубовите низ Индија, Северна Америка, Европа и Азија. Нејзиното интернационално деби беше на Roskilde фестивалот во 2014. Триото е предводено од Манџи и Раис. Манга „Манџи“ Кан му припаѓа на семејството на славни пејачи, а со својот огнен глас подеднакво пее традиционални Марвари свадбени песни и Суфи „кјовали“ (qawwalis). Тој свири и хармониум. Раис Кан е надарен млад музичар кој е волшебник на повеќе инструменти и свири на “morchang“, “bhapang“ и “khartaal“. А “dholak”, е тапан на кој се свири со раце, е перкусивната основа на песните.
www.amarrass.com/barmer-boys

Trans – Aeolian Transmission

Francois Cambuzat – guitar, electronics, vocal
Ginna Greco – bass, vocal

Нов концепт: патување, компонирање, пишување и снимање, некаде на сосем непознати места каде што ниту музичката индустрија ниту агенциите некогаш ќе однесат западен музичар. Средби со музичари од различни светови, долги патувања, долго престојување во длабочините на пустината Такламакан, во планините Каракорам или длабоко во срцето на последните градови од Патот на свилата. Неверојатна авантура меѓу Кашгар, Маркит, Иаркам и пакистанската, таџикистанската и киргиската граница. На враќање се руши старото и се моделира материјалот, без никаков страв, со цел да се приближи до она што навистина е музиката – слободоумна емоција. Двајцата музичари од Trans-Aeolian Transmission, Франсоа Камбузат, ветеран од медитеранската панк и авант-рок сцена, како и басистката Џана Греко, хероина на италијанската електрична музичка сцена и соработник на Лидија Линч (Франсоа и Џана се основачи на Ifriqiyya Electrique), го свират концертот заедно со проекцијата на документарниот филм за магичното патување што самите го снимиле.
trasportimarittimi.net

Билети во продажба во Југотон Рекордс, МКЦ и онлајн на www.mktickets.mk.

[21.00] Ужегнатост // Детски театарски центар

По „Да го поздравиш и да ми го бациш“ и „Експеримент“, „Ужегнатост“ е трета театарска претстава во продукција на „Артопија“ – Скопје. Претставата е работена по текст на чешкиот автор Иван Вискочил, а во режија на македонскиот театарски доајен Владимир Милчин. Иако текстот е напишан во Чешка, во текот на минатиот век, сличностите и компарациите со одредени појави кои го „мачат“ општеството денес се очигледни.

Режија: Владимир Милчин

Играат: Симона Спировска Костовска, Наташа Петровиќ, Тамара Ристоска, Ненад Митевски, Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски.

[21.00] 90s retro party за 9ти роденден на ММ // Цреша Бар

Драги млади, членови, пријатели и соработници,
Времето лета па затоа тимот на Младите можат реши да ве однесе на музичко патување назад во 90тите за 9тиот роденден на организацијата.
Ќе ни биде огромна чест и задоволство со сите Вас да ги прославиме изминатите 9 години полни успеси и да ја започнеме 10тата, со цел да биде најуспешна до сега!

Сѐ што Ви е потребно е некое ретро парче облека и позитивно расположение!