Што има во град викендов?

Сабота 19.5.2018

[20.00] Турандот / Turandot – G. Puccini // Македонска Опера и Балет

Мајски Оперски Вечери
Џакомо Пучини
Турандот

Диригент: Алесандро Д’ Агостини (Италија)
Режисер, Сценограф, Костимограф: Џанкарло дел Монако (Италија)

Настапуваат:
Турандот: Весна Ѓиновска Илкова
Калаф: Амади Лага (Франција/Тунис)
Лиу: Ноема Ерба (Чешка)
Тимур: Игор Дурловски
Пинг: Андреа Ѕаупа (Италија)
Панг: Дарко Нешовски
Понг: Дејан Стоев
Мандарин: Драган Ампов
Алтоум: Марјан Николовски

Турандот е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони. Текстот се базира на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата Турандот од Карло Гоци. Пучини умира и не ја допишува операта, подоцна таа е завршена од Франко Алфано. Светската премиера се изведува во Миланската Скала на 25 Април 1926 година диригирана од Артуро Тосканини. Операта се извела по музиката на Пучини без дополнувањата на Алфано.

[20.00] Странци // Драмски Театар Скопје

Режисер: Нела Витошевиќ
Драматург: Викторија Рангелова – Петровска
Сценограф: Костантин Трпеноски
Костимограф: Роза Трајческа – Ристовска
Композитор: Огнен Анастасовски

Играат:
Микеле – Игор Ангелов
Ева – Ирена Ристиќ
Карлота – Биљана Драгиќевиќ Пројковска
Пепе – Зоран Љутков
Бјанка – Сања Арсовска
Козимо – Филип Трајковиќ
Роко – Предраг Павловски

[20.00] Изложба на Влахо Буковац // Национална галерија на Македонија

Ремек дела од ризницата на НГМ, изложба на Влахо Буковац.
Куратор: Кирил Пенушлиски

[21.00] КАИН – Концертна промоција // Младински Културен Центар

После неколку изведби на „Под ова сонце ладно е“ во Скопје, Каин конечно ја стави музиката на носач и овој пат официјално концертно го промовира својот албум, кој содржи девет non-genre песни, меѓу кои е дел Давор Јанкулоски.

Во Младински Културен Центар (денсинг сала), Каин ќе ја дели бината со неколку македонски авангардни и модерни бендови, кои моментално се во пораст на македонската независна сцена.

Влезници на билетара во Младински Културен Центар – 200 ден.

[21.00] Acoustic Saturday // Distrikt Bar & Kitchen

The Crew повторно на сцената во Дистрикт Бар и Ресторан. Секоја сабота повелете на уживање со акустична музика, пријатна атмосфера и уникатни вкусови. Искористете го убавото време во месец мај и повелете на нашата летна терасa. Резервации: 071/238-522

[21.00] Globetrotters’ Sessions vol.2 // Rock Kafana Rustikana 2.0

Дојде време за второто издание на Globetrotters’ Sessions. На гости во 2.0 ќе ги имаме феноменалните Sunday Stories, Sarajevo! Сараевскиот квинтет предводен од вокалот Нина Бабиќ со својот микс репертоар од џез, блуз, свинг, панк и рок ветуваат добра пролетна журка, секако поддржана од Jägermeister.

Нина Бабиќ – водечки вокал
Саша Ќириќ – вокал/гитара
Мустафа Курталиќ – бек вокал/бас
Златан Бегиќ – перкусии
Валентин Шеремет – бек вокал/тенор сакс

За инфо и резервации: 075 478 134

[23.59] MUMDANCE ~ Andreas Hz ~ Kronom ~ DJ Vaso // Epicentar

Сабота, 19 мај:
MUMDANCE [XL Recordings / Tectonic / Different Circles, UK]
Andreas Hz b2b Kronom [BTKRSH / Faster Than Music]
DJ Vaso [Pollux]

Недела 20.5.18

[9.00] „Прв до врв 2018“//Водно

Трки во планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам в недела на Водно ќе се одржат по шестти пат во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница.

На програмата на „Прв до врв 2018“ се трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е предвидена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење

[11.00] Don’t be a female, be an alpha female // The Strongest – Macedonia

БИДИ АЛФА ДЕВОЈКА 2 и оваа година семинар за самоодбрана во Центарот за боречки вештини “Д Стронгест”. Семинар за понежниот пол кој е бесплатен и можност за учество имаат сите оние девојки, жени, тетки, мајки, баби… кои сакаат да научат како да се одбранат и да совладаат противник доколку се нападнати. Семинарот ќе се одржи доколку се собере бројка од минимум 50-60 припаднички на понежниот пол. Пријавување на тел. бр. 077-747-779 или во инбокс Nade Vasilevska.

[20.00] Зина Креља – Промоција на монографија // Македонска Опера и Балет

Автори:
м-р Снежана Анастасова – Чадиковска
д-р Александар Трајковски
Рецензенти:
проф. Фимчо Муратовски
проф. м-р Весна Ѓиновска – Илкова
Промотор:
проф. Фимчо Муратовски
Издава: Музички издавачки центар

Книгата го прикажува уметничкиот и животен пат на оперската примадона Зина Креља – првенка и една од основоположниците на Македонската опера, која
во текот на својата кариера, на сцената на националната оперска куќа реализира 23 оперски улоги.
Оваа публикација содржи интересни податоци за нејзиниот животен пат, за нејзините почетоци на оперските сцени ширум поранешна Југославија, за школувањето во Италија, како и за доаѓањето и животот во Скопје.

[21.00] Јас, Селма – трета реприза // Младински културен Центар

Џебно кино, МКЦ.

Монодрамата „Јас, Селма“ е колаж од девет сцени за бегалката од Дамаск и актерката Симона од Скопје: за нивната прва средба, за вљубувањето на Селма во едно момче од протестите, за (не)вклопувањето во скопскиот живот, но и за нејзината желба да замине од овде, откако ќе поминат цели девет години.

Игра: Симона Спировска
Режија и текст: Милош Б. Андоновски
Монтажа на звук: Сашко Потер Мицевски

Цената на билетот е 200 ден. Резервација можете да направите на 02 311 5225 или да испратите меил на bileti@mkc.mk или да го купите директно на билетарницата на Младинскиот Културен Центар.