Што има во град викендов?

Сабота 5.5.2018

[80.00]Бесплатни автобуси за големата едукативна планинарска тура// Матка

Оваа сабота ќе се одржи првото издание на големата едукативно-хуманитарна планинарска акција Матка 2018. Настанот е во организација на планинарските клубови на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија, а со поддршка на Град Скопје.

„В сабота Матка ќе биде местото за сите вистински љубители на природата, планинините, спортот, рекреацијата и, конечно, на најубавиот кањон во Европа“, најавуваат организаторите и додаваат дека сите што сакаат да се прошетаат низ природните убавини може да се одлучат за една од двете планинарско-рекреативни тури:

Група 1: село Шишево-манастир „Свети Никола“-кајакарски мост-планинарски дом „Матка“

Група 2: манастир „Света Богородица“-црква „Свети Спас“-планинарски дом „Матка“

И на двете тури ќе има придружба од искусни планинари и членови на ПД „Кораб“ – Скопје, ПСД „Макпетрол“ – Скопје, ПК „Шкупи“ – Скопје, ПД „Козјак“ – Куманово и ПК „Шари“ – Гостивар, кои на учесниците ќе им ги доловат двете исклучително атрактивни планинарски патеки и основите на планинарењето. Присутните ќе имаат можност да чујат кои се предизвиците на планина, што мора да се знае пред да се планинари, ќе се споделуваат исксутва, а ќе се зборува и за тоа како може да се опстане во планина подолго време и во различни временски услови.

Двете тури почнуваат во 8 часот на местото на поѓање на секоја една од турите, а за учесниците обезбеден е и бесплатен превоз до стартот на планинарските тури. Бесплатните автобуси тргнуваат од 7 до 7.25 часот од Транспортен Центар, со попатно застанување на станиците: пазарче „Буњаковец“, Трговски центар „Лептокарија“ и бензинската станица „Макпетрол“ во Ѓорче Петров. Сите бесплатни автобуси ќе бидат означени „За планинари Матка 2018“. Автобусите се враќаат во 17 часот, а ќе тргнат од големиот паркинг на Матка.

[10.00] Планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето// Европскиот ден на знамето денеска во Скопје

По повод Европскиот ден на знамето денеска во Скопје ќе се одржи традиционалниот планинарски марш до Водно во организација на Европското движење на Република Македонија во соработка со Делегацијата на ЕУ.

Маршот ќе започне со размена на знамињата на Република Македонија и на Европската унија што ќе се изврши пред седиштето на Делегацијата на ЕУ, а потоа учесниците ќе се упатат кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња.

Учесниците на маршот ќе добијат маици со лого на Европската унија и купони за топол чај и порција планинарско гравче. 

[10.00] Детски мини маратон 2018//Скопскиот маратон со „Детскиот мини маратон

Над 500 деца од сите основни учулишта од главниот град денеска ќе го почнат викендот на Скопскиот маратон со „Детскиот мини маратон“, испраќајќи порака за создавање училишта без насилство. 

Детскиот мини маратон 2018 ќе почне во 10 часот во паркот „Авионче“ во скопската населба Ново Лисиче. Маратонката од Велика Британија Паула Редклиф ќе го означи стартот. 

Ова е втора година откако УНИЦЕФ соработува со Унијата на спортови од Скопје кои се организатори на „Виз Ер Скопски маратон“ со цел да ја вклучи пошироката заедница во иницијативи што се важни за здравјето и благосостојбата на децата.

- Занимавањето со спорт е одличен начин да се канализира енергијата и да се зајакнат некои важни доблести кај децата како што се доследноста, соработката, заемната почит, здравиот натпреварувачки дух и самодовербата, изјави Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

Според директорот на „Виз Ер Скопски маратон“ Кире Синадиновски  спортот има моќ да ги привлече и да ги мотивира луѓето, да го насочи вниманието на важни работи и да ги вклучи сите. 

- Тоа е духот и на Детскиот мини маратон – да им се даде на децата можност да учествуваат и да го привлечат вниманието кон работи што им се важни, изјави Синадиновски. 

[10.00] Inno4Edu – Образовен камп // Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” – Скопје

Образовен Камп (#Inno4Edu) е 18-дневна програма посветена на целосен развој на три идеи кои беа разработени на#образовниотхакатон кој го организираше СмартАп со поддршка на UNICEF во склоп на конференцијата “Квалитетно образование за раст, остварувања и подобра иднина” (“Quality Education for Growth, Achievements and Better Future”). Целта е тие три идејни решенија преку овој проект да се развијат во решенија спремни за имплементација и тестирање (MVP).

За детален приказ и често поставувани прашања во овој документ може да ги најдете сите детали. Линк:https://goo.gl/UeXtcA

Проектот е имплементиран од СмартАп – Лабораторија за социјални иновации (https://innovationlab.mk/) и поддржан од UNICEF (https://www.unicef.org/tfyrmacedonia/).

Веб-сајт за настанот: www.educamp.mk

[10.00] Отворен ден на УКИМ 2018 // Машински Факултет – Скопје

Отворен ден на УКИМ. Запознајте го нашиот Универзитет и одберете ги вистинските студии за градење на Вашата успешна кариера. Одлична забава со Breakdown band (со Пеце Суперхикс) и DJ Irie Scratch.

[12.00] Пладневен викенд музички сет на Соња Исмаил // Кофеин

Повелете на пладневно музичко дружење со Соња Исмаил.

[19.00] Официјално отворање | Hybrid Store – Nakit.mk // ул. Никола Рисински бр. 3

Дојди на официјалното отворање на Hybrid Store, ќе има музиче, розеви пијачки и 20% попуст на сите производи! Освен тоа, учествувај во наградната игра за најдобра фотографија која ќе трае цела недела. Правилата се лесни, го сликате купениот производ, Hybrid Store го постираат на нивната фб страница, а сопственикот на фотката со највеќе лајкови добива накит по свој избор!

[19.00] Чиста Хероина // Public Room

Текст: Загорка Поп-Антоска Андовска
Режија: Ѓорѓи Ризески

Двајца. Брачен кревет, две наткасни, книга „Болен Дојчин и други драми“, еден стол и многу халуцинации. Убиствен мазохизам, неверојатна љубов, посесивност, болка, измачување. Драма во која преку пеколот се стигнува до љубовта. Сонот и јавето се мешаат, книгата на полицата ја диктира реалноста која се претвора во кошмар. Низ кошмарот од драмата, двајцата заглавени во спалната на поткровјето ја лечат реалноста. Каде почнува и каде завршува јавето? „Чиста Хероина“ – претстава што треба да ја видите!

Играат: Надица Петрова и Марко Илиќ
Композитор на оригинална музика: Александар Андовски
Музички соработник: Викторија Чочороска

Цената на билетот чини 200 денари.

[19.00] Film Screening: Blue Heart – Проекција на филм: Сино срце // Школка Градски Парк Скопје

Програма:
19.00 – 20.00 In the Mood
20.00 – 20.15 Отварање
20.15 – 21.00 Проекција на Blue Heart
21.00 – 21.30 Дискусија
21.30 – 22.30 Музика

[19.00] Прво па женско 6 // Младински Културен Центар

Програма трет ден ||| 05 мај – сабота |||

19:00 · Кино Фросина, фоаје на кат
Предавање/Перформанс: „NEpraktične žeNE“
NEpraktične žeNE ги претставуваат своите дела низ обичен кујнски разговор: од еден до друг вез, нижат приказни за причините на тие мали побуни на запишување на вистината и нејзино јавно искажување. Некаде тоа се нарекува трач-седенка, некаде предавање-перформанс, некаде kaffeeklasch. Секако – дојди да ти кажам искрено.

20.00 · Кино Фросина
Филмска програма: проекција на “Сонување во капитализам”, Софи Бруне
селекција на филм Кумјана Новакова
Дванаесет луѓе се навраќаат на своите соништа поврзани со работата и се обидуваат да го толкуваат нивното значење. Овие измачени души на поетски и политички начин го опишуваат своето лично страдање на работното место. Сонувачите и нивните соништа полека го разоткриваат светот во кој доминира неолибералниот капитализам.

22:00 · плато пред МКЦ
Концерт: Фосфен // Fosfen (МК), DIVES (AT) и Replicᴜnts (RS)
соработка со Iskra Tourbooking
Женски здружени со Iskra Tourbooking ве носиме на музичко патување и запознавање со нови квалитетни артист(к)и од домашната и европската музичка сцена.

[19.30] Bob James Trio // Македонска Филхармонија

3 Гонга Ви претставува, пијанистот Bob James со неговото Trio заедно со Michael Palazzolo на бас и Patrick Williams на тапани, ексклузивно за прв пат во Македонија на 05 Мај со два концерти во Македонска Филхармонија. Билетите се во продажба преку мрежата на ‘Купи Карти За Се’ и вечерта на билетарата на М. Филхармонија.

Вториот концерт ќе се оджи од 22.00 часот.

[21.00] Bandix // Pasteur

Овaа сабота се дружиме во Pasteur!
Ве чекаме на журка и пиво!
Bandix

[21.30] Live Jazz // Бруклински

Live Jazz со Филип Димишковски, Иван Бејков и Драган Теодосиев.

[22.30] Концерт на Фосфен, Dives и Replicunts // Младински Културен Центар

Прво па женско 6 • Фестивал за феминистичка култура и акција

5 мај (сабота)
22:00 · плато пред МКЦ
бесплатен влез

Iskra Tourbooking и Tiiiit! Inc., женски здружени те носат на музичко патување и запознавање со нови квалитетни артист(к)и од домашната и европската музичка сцена. За девојките од DIVES и Replicunts ова е прво претставување пред публиката во Македонија.

• Фосфен // Fosfen (МК) се инди/поп-рок прогресивци од Битола, основани во 2016 година. Имаат одржано повеќе настапи на алтернативната сцена низ Македонија и полека го подготвуваат своето првенче кое ќе излезе годинава. Кога Dischord Records би издавале албум на бенд од Македонија, тоа сигурно би бил бендот на овие момци!

• Членките на DIVES (AT) се три другарки кои се запознале на Австрискиот женски рок камп во 2016 и веќе наредната година го снимаат својот мини-албум за Siluh Records. Изданието содржи 6 песни кои се освежување на традиционалниот сурферски звук. Иако мелодиите во стилот на 80-тите потсетуваат на La Luz, сепак Dives свират модерна инди музика која вистински ја забавува публиката.

• Replicᴜnts (RS) се женски панк рок бенд од Белград, Србија чија приказна започнува во 2012. Овие три девојки низ изминатите години имаат отсвирено голем број концерти во Србија, гостувале на фестивали и оствариле две европски турнеи. Звукот на Replicunts е мешавина од old school панк и мелодичен хардкор панк. Нивното ново ЕП ќе биде објавено кон крајот на мај.

[23.59] Mirko Popov & Violeta Kachakova // Епицентар

Mirko Popov
Violeta Kachakova

Недела 6.5.18

[8.30] Wizz Air Skopje Marathon / Виз Ер Скопски маратон // Скопје

14-то издание на најмасовната спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, ќе се одржи на 6 мај 2018.
На програмата се 4-ри трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон (4 х 10,5 км) и трка на 5км.

[13.00] Прво па женско 6 // Младински Културен Центар

Програма четврти ден ||| 06 мај – недела |||

13:00 · плато пред МКЦ
Базар
Слободен простор за презентација на возбудливите ракотворби на нашите омилени домашни креативци. Не заборавајте да си ја понесете заштедата, ќе ви треба.

13:00 · плато пред МКЦ
DJ СЕТ на Јана, Мартина и Роберта
Овие љубителки на добра музика и точаци се вистински урбан Girl Gang. Можете да ги лоцирате на некои од следниве локации: Мартина позади фус, добош, бас и неколку чинели, Роби позади шанкот на МКЦ и Црно Кафе, Јана некаде низ скопскиот метеж додека манијачки вози точак и пробува да го смени светот. Во недела ќе ги најдете на ПРВО ПА ЖЕНСКО, каде што здружено настапуваат со својот целодневен диџеј сет.

15:00 · плато пред МКЦ
Кулинарска изложба: „Неделниот ручек како репродуктивен труд“
Концепт: Кире Василев и Кристина Леловац
Оваа изложба има за цел да го потврди аргументот на некои феминистики дека непродуктивниот труд е подеднакво важен како и продуктивниот труд, кој во капиталистичките социјални односи може да се комодификува и монетизира. На публиката ќе и биде послужен комплетен неделен ручек, презентиран не само како уметничко дело, туку и како производ на нечиj труд кој има сопствена вредност.

17:00 · плато пред МКЦ
Презентација: работилница за деца „Почетен курс за бунтовници“ и промоција на книга: „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња”
соработка со Колектив Ветерница и Ars Lamina
Целта е поттикнување на работа во група, солидарност и соработка без разлика на родова припадност, развој на фантазијата и креативноста, и освестување на важноста на создавањето на еднаков свет за сите. Инспирацијата доаѓа од првото издание на македонски јазик на книгата „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ која својата промоција ја има токму на ПРВО ПА ЖЕНСКО.

20:00 · Кино Фросина
Перформанс: „Како мојот живот стана културен работник – културните работници ја заземаат сцената“
Биљана Тануровска Ќулавковски и Ивана Васева
Недостатокот од работни услови кој продуцира непостојан, несигурен или прекаријатен начин на работа и постојаната преокупација со професионалните ангажмани е една од главните теми на овој специфичен перформанс кој има за цел да ги нагласи и истакне условите и контекстот во кој работат самостојните културни работници.

21.30 · Денсинг сала
Концерт: AKUA NARU • МКЦ, Скопје
соработка со Taksirat Festival

Билети:
500 денари – претпродажба
600 денари – на врата.
Повеќе на bit.ly/2ETPv9R

[15.30] Хуманитарен Ракометен Натпревар За Мила// Forza Sport Center

На ден 06.05.2018(Недела) во 15:30ч. во спортската сала Форца ќе се одигра хуманитарен натпревар за малата Мила која боледува од тешка болест. Влезот ќе биде слободен, а на врата ќе има кутија за донации. Се покануваат сите хумани луѓе да помогнат со цел да и овозможиме среќно и безгрижно детство на Мила.