Што ѝ е потребно на секоја жена?

На секоја жена понекогаш ѝ недостига самодоверба, поддршка и охрабрувачки зборови. Потребно и е да знае дека е сакана, но и дека е совршена онаква каква што е. И тоа не е клише, туку вистината е дека секоја жена треба да научи да се сака самата себе, пред да можат и другите да ја сакаат.

За да може покрај себе секогаш да има листа која ја прави баш таква, денес ви ги претставуваме најдобрите совети за секоја жена ширум светот.

Секојдневно мисли на една добра работа која ја сакаш кај себе.

Не ја миј секојдневно косата и не се рафрлај со пари за шампони за суво перење на косата.

Опкружи се со пријатели и пријателки кои ќе се смејат на твоите шеги, но кои и ќе ти кажуваат кога шегите не ти се смешни.

Учи го тоа што го сакаш и работи го тоа што го сакаш. Автоматски ќе бидеш подобра во твојата работа.

Секогаш вади ја шминката пред спиење.

Секогаш носи рамни чевли со тебе кога излегуваш со штикли. Твоите нозе и твоите пријателки ќе бидат бескрајно благодарни.

Не се преотповарувај со конфекциски броеви во кои не можеш да влезеш и не се форсирај дека мораш да влезеш во нив. Истот важи и за костумите за капење.

Подари ја облеката која не ја носиш повеќе од една година. Тебе очигледно не ти е потребна, а сепак ќе усреќиш некого.

Грижи се за твојот автомобил. Не се срами да побараш помош.

Стави добар кармин на усните и излези да танцуваш.

Слушај музика секогаш кога можеш.

Изнајми стан кој одговара на твојот буџет. Не се расфрлај беспотребно.

Одвој време само за себе и направи филмски маратон.

Пронајди некакво хоби и не се откажувај од него.

Не претерувај со парфемот, но сепак користи го.

Подобро е да бидеш автентична отколку популарна.

Биди со маж кој ја почитува твојата баба.

Не се споредувај со пријателките.

Прифати го фактот дека можеш истовремено да бидеш и феминистика и романтична душа.

Сакај ги луѓето такви какви што се и покажи им го тоа.

Шетај почесто за да си ги разбиструваш мислите.

Побарај стручна помош ако видиш дека ништо друго не помага.

Носи се со своите чувства и труди се да ги изразуваш на глас.

Не се допишувај со други луѓе додека работиш. Нема да бидеш 100% фокусирана.

Социјалните мрежи не се твој дневник, внимавај што објавуваш.

Научи да ги прифаќаш поразите, затоа што тие те прават позрели.

Погрижи се за тоа твојата спална соба да биде твоја оаза на мирот, затоа што поминуваш голем дел од своето време во неа.

Научи да им простуваш на родителите и сфати дека сѐ што прават – прават за твое добро.

Гледај ги луѓето во очи и внимателно слушај ги.

Биди благодарна за сѐ што имаш и покажувај го тоа.

Прави разлика меѓу дружење и романтичен состанок.

Ако имаш денови кога косата  ти е ужасна, направи симпатична пунџичка.

Добрата работна дисциплина ќе те однесе многу подалеку отколку сировата интелигенција.

Испробај неколку колор шампони пред да се решиш да ја исфарбаш косата во таа боја.

Пери ја постелнината барем еднаш неделно.

Гласај.

Изгради сопствен систем на вредности, не мораш да се сложуваш со твоите блиски за сѐ.

Кога дува ветер немој да носиш здолништа, за да не доживееш некој „Мерилин Монро“ момент.

Прекини ги врските во кои не уживаш и биди со некој кој те заслужува.

УЖИВАЈ ВО ЖИВОТОТ!