Што и да се случи, никогаш не ги заборавајте лекците кои сте ги научиле

Ослободи се од пријателствата кои одамна престанале да бидат пријателства и ослободи се од врските кои престанале да бидат врски.

Луѓето се менуваат, некои на подобро, некои на полошо. Немој да се прашуваш зошто се случува тоа, зошто некои луѓе си заминуваат ако не си направил ништо лошо.

Можеби не си направил и нешто добро, не си дал доволно добра причина за да останат, не си ја поддржувал врската и таа пукнала. Како и да било, сега мораш да почнеш одново, со нови луѓе и нови можности. Но, што и да се случи, никогаш не ги заборавај лекците кои си ги научил.

Остави ги луѓето кои замнуваат од твојот живот, не ги влечи за ракав. Сѐ она што не е со срце е осудено на пропаст.

Ако си оставил некоја трага од убави чувства, сигурно ќе се вратат. Понекогаш е во ред кога секој оди на своја страна, особено ако не одело. 

Прости за повредите кои ти биле нанесени, а за кои никогаш не си добил извинување, затоа што само така ќе можеш да се извлечеш од рацете на минатото и со мир во душата да се упатиш кон иднината.