Што ги тера мажите да престанат да сакаат?

Мажите многу помалку зборуваат за емоциите од жените, но дека се наклонети кон љубовта покажуваат со дела. Сепак ниту тие не можат да преминат преку некои работи, еве ги најчестите осум причини поради кои престануваат да сакаат.

1. Обврски

На сите им се случува врската да им спадне само на разговори и обврски, од распределба на домашни обврски, грижа за децата до плаќање сметки. На крајот немате други теми за разговор ниту пак наоѓате време за нив. За да опстане врската треба да се пронајдат моменти за мали работи и нежности и за повеќе забава и љубов помеѓу партнерите. 

2. Мајчинство

Иако постојат мажи кои можат да ја раздвојат сопругата која им е секси и сопругата која е мајка, некои имаат проблеми со тоа и им преостанува само втората опција. Ако мислите дека вашиот партнер е токму таков, самиот ќе мора да поработи на тоа и да сфати дека сте вие и мајка и сопруга. 

3. Лоши корени од минатото

Започнавте врска со секс за една вечер, се тешевте еден со друг поради пропаднатите врски и брзо скокнавте во заеднички живот? А, се запрашавте ли воопшто дали сте подготвени за такво нешто? 

4. Посветеност

Мажите ја ценат посветеноста. Важно му е да може да биде 100% сигурен дека секогаш ќе го поддржувате посебно кога ќе се најде во тежок животен момент. 

5. Компатибилност

Кога пеперутките од стомакот ќе одлетаат кај некој друг среќен пар и ќе исчезне првата заљубеност, компатибилноста е еден од круцијалните услови за стабилна и цврста врска. Понекогаш си ги довршувате речениците еден на друг, наоѓате забавни теми за разговор или едноставно ја исполнувате желбата која не е изречена. 

6. Имате недостижни планови

Ретко кој маж може да го помине животот така што единствена цел ќе му биде да задоволува една жена. Заборавете на плановите дека сопругот ќе работи повеќе, бидејќи вие имате долгогодишен план со листа на која се наоѓаат нова куќа, викендичка, јахта и базен, а покрај тоа ви треба и нова гардероба и козметички третмани. Во врската ниедна страна не сака да биде роб на нечии навики или соништа од детството. 

7. Барате премногу?

Многу брачни советници од искуство велат дека браковите паѓаат во криза кога жените константно бараат да ги обожаваат и да ги воздигнуваат. Додатен проблем се создава кога мажот чувстува дека не може да ја изненади и да ја воодушеви сопругата со ништо и дека целиот труд му е залуден. 

8. Носите лоши вести

Ако сте вие личноста во врската која се грижи за обврските, финансиите или домашните задачи, ќе морате на вашиот партнер да му соопштите лоши вести, кои за жал секогаш ги има. Сепак ваквите ситуации не се фер, бидејќи сите задолженија и проблеми во врската се заеднички исто како и убавите моменти.