Што ги очекува Близнаците во животот?

Машкиот воздушен знак Близнаци е под владение на планетата Меркур, која ја креира сложеноста на овој знак. Близнаците се знак кој е најтешко да се дефинира, но сепак акцент се става на нивната непостојаност и голема моќ на прилагодување на секоја прилика.

Родените во овој знак се богати со ведрина и логично размислување. Тие обожаваат промени и новитети и знаат да бидат многу упорни во остварување на нивните идеали. Тие низ текот на животот учат да се снајдат во секоја средина и тогаш се способни да се поистоветат со секој проблем. Нивното разбирање на туѓите проблеми и грижи е просто неограничено. Во тоа им помага нивниот младешки карактер, со кој успеваат да ги надминат сите недоразбирања. Тие се љубопитни и имаат моќ лесно да влезат во сржта на најтешките проблеми, разбираат многу нешта и за секого наоѓаат збор кој одговара.

Имаат вродена нервоза, која се зголемува во текот на животот. Но, располагаат со интелигенција која е поголема од просечната и често се многу вредни работници, но и креативни луѓе. Имаат силно чувство за дипломатија и треба да го имаат предвид тоа во текот на животот. Реални се во проценката на сите ситуации и секогаш знаат кој потег да го повлечат. За сите нешта размислуваат добро, па потоа донесуваат одлука која одговара. Токму затоа и низ животот, многу ретко носат погрешни одлуки.

Во животот треба да внимаваат на луѓето кои не им мислат добро, бидејќи луѓето лесно можат да ги наговорат на било што. Друга маана им е тоа што се многу непостојани. Нивните квалитети кои им помагаат во животот се суптилноста, креативноста и фантазијата, а маани цинизмот, злобата .

Тие никогаш не треба да се грижат за работата и иднината. Нивниот проблем е во тоа да одберат една од бројните прилики кои им се јавуваат во животот. Тоа е проблем бидејќи многу тешко можат да се концентрираат само на една работа, така што иако носат одлука, таа никогаш не е конечна. Особено треба да се внимателни во однос на ваквата своја карактеристика.

Родените во овој знак во текот на животот страдаат од вртоглавици, инфаркти и болести со белите дробови.