Што ги очекува Биковите во животот?

Со овој женски знак владее Венера, а покрај неа се чувствува и влијанието на Месечината.

Родените во овој знак се многу динамични и енергични.  Тие мирно и промислено ги подготвуваат своите акции. Внимателни се, вредни и истрајни. Со вродените навики храбро чекорат низ животот и не дозволуваат никој да им пречи во тоа. Биковите се големи ентузијасти и сакаат сами да ги решаваат своите проблеми. Во односите на работното место им недостасува флексибилност и дипломатија, а тврдоглавоста ги спречува понекогаш да напредуваат во кариерата. Во работата сепак постигнуваат успеси и тоа благодарение на својата упорност, вредност и постојано залагање. На навреди се многу чувствителни и поради својата гордост, често влегуваат во конфликти дури и со своите најблиски.

Имаат смисла за сите гранки на уметноста, сакаат да уживаат во сите добри односи на овој свет. Талентирани се за распознавање на лошото од доброто и имаат истенчен вкус. Кога ќе се налутат, нивниот гнев тешко се стишува и може да предизвика многу негативни последици. За нив, љубовта е поле каде сакаат особено да се покажат: ако останат без љубов, во состојба се многу да патат.

Во себе имаат многу енергија која не ја расфрлаат туку така, додека не размислат добро. Надворешно се многу мирни и сталожени, па дури и незаинтересирани, но во себе имаат сила и енергија за многу нешта. Сепак, како кај ретко кој знак, кај Биковите е присутен оптимизмот и вербата во себеси. Тие се еден од оние знаци кои среќата особено ги збогатува.

Биковите можат да постигнат успех во животот само ако се врзат за еден вид работа, и тоа онаа во која уживаат. Благодарение на истрајноста и интелигенцијата, тие постигнуваат успех во работите каде е потребно темелно расудување и внимателност. Тие никогаш не би требало да се впуштаат во работи кои не им носат задоволство и радост, без оглед на славата кои би можеле да ја стекнат. Како личности, тие имаат успех во професиите врзани со филмот, музиката и театарот и тогаш се многу истрајни и упорни. Понекогаш се многу сомничави во себе и своите квалитети, а тоа е веќе половина неуспех за нив. Тие мораат да ги игнорираат своите сомнежи, бидејќи само така можат да бидат многу успешни во тоа што го прават.

На работното место, тие не се расправаат и не им замеруваат на другите, ниту пак ќе се обудуваат да им диктираат како се работи и живее. Но, тоа воопшто не значи дека ќе дозволат да бидат запоставени или повредени, тие секогаш застануваат во одбрана на своите права и така ќе обезбедат почитување од другите. Сепак, мораат да бидат многу тактични, бидејќи нивната тврдоглавост може да има големи последици.

На луѓето родени во овој знак среќни броеви им се 4,5 и 6, а среќни денови: вторник и петок.