Што е животот?

Едно утро станувам и излегувам од куќата, на патот има дупка, не ја гледам и паѓам во неа.

Следниот ден излегувам од куќата, заборавам дека има дупка на патот и повторно паѓам во неа. 

Третиот ден излегувам од куќата и се трудам да се сетам дека има дупка на патот, но повторно заборавам и паѓам во неа. 

Четвртиот ден, излегувам од куќата, се трудам да се сетам на дупката на патот, но и покрај тоа, не ја гледам дупката и пак пропаѓам во неа.

Петиот ден, излегувам од дома, се потсетувам дека морам да внимавам на дупката на патот, па одам гледајќи во земја и ја гледам дупката, но иако ја гледам, повторно паѓам во неа. 

Шестиот ден, излегувам од дома, ми текнува на дупката на патот, барам да видам каде е, ја здогледувам, се трудам да ја прескокнам, но повторно паѓам во неа.

Седмиот ден, излегувам од дома, ја гледам дупката, се затрчувам, скокам, со врвовите на прстите ја допирам спротивната страна, но недоволно за да не паднам во дупката.

Осмиот ден, повторно излегувам од дома, ја гледам дупката, се затрчувам, скокнувам и конечно прерипнувам на другата страна, но толку сум горд на тоа што успеав, што почнувам да скокам од среќа и додека тоа го правам, се лизгам и повторно паѓам во дупката.

Деветтиот ден, решавам да излезам од дома, ја гледам дупката, се затрчувам, ја прескокнувам и продолжувам да си одам по патот.

Десеттиот ден, излегувам од дома и дури тогаш сфаќам дека е многу полесно едноставно да тргнам по друг пат!

Е тоа е животот!