Што е вистина, а што е лага за патувањето во Грција?

Не е точно дека патниците во Грција од 15 јуни нема да смеат да влезат во земјата ако во автомобилот се наоѓаат повеќе од две возрасни лица (возач и еден патник).

Станува збор за моменталниот закон кој се однесува на правни лица, на туристичките компании кои се занимаваат со превоз и со изнајмување на автообили, а не на физички лица кои се своите автомобили одат во Грција.

Не е точно дека мора да платите 2.100 евра ако добиете ковид-19 во Грција. Овие изјави не доаѓаат од Грција и не се пренесени во грчкитте средства за информирање.

Македонија уште официјално не се огласила кога ќе се отворат границите, но се очекува дека се усогласи со Грција и ќе ги отвори најдоца до 15 јуни.

Во Грција се отворени кафаните и таверните. На секоја маса има средство за дезинфекција, келнерите носат маски.

На фотографиите се гледа дека масите не се оддалечни, се дозволува една личност на два метри квадратни, а на секоја маса може да седат до шест лица. Ако има малолетно дете кое е член на семејството исто така може да седи на масата.

По пауза од два месеци жителите кои живеат на копно, може да патуваат на островите, со брод или со авион.

Хотелите и апартманите добија здравствени протоколи на кои ќе мора да се придржуваат поради туристите.

Во недела навечер во Грција се потврдени само двајца новозаразени со ковид-19.

Во 21 авион и 2.236 патници кои пристигнале во Атина од странство меѓу 13 и 20 мај само еден патник бил позитивен на ковид-19.

Германските туроператори ја означуваат Грција како многу безбедна дестинација за летување.