Лесно е да се биде запишан во нечиј именик
Тешко е да се биде запишан во нечие срце.
Лесно е да се суди за туѓите грешки
Тешко е да се признаат своите.
Лесно е да се зборува без размислување
Тешко е да се размислува.
Лесно е да ги повредиме оние кои ги сакаме
Тешко е да ја излечиме таа рана.
Лесно е да повредиме некого.
Тешко е да добиеме прошка.
Лесно е да поставиме правила
Тешко е да ги следиме.
Лесно е да се слави победа
Тешко е да се признае пораз.
Лесно е да се сонува секоја ноќ
Потешко е да се оствари секој сон.
Лесно е да се каже „те сакам“
Тешко е тоа да се покаже.
Лесно е да се ужива секој ден
Тешко е да се живее со вистинска вредност.