Што е колаген и зошто ни е потребен?

Колагенот е најважен и најраспространет протеин во нашето тело.

Тој опфаќа околу 40% од сите протеини и е основен дел на ткивото на врзување. Одговорен е за состојбата на кожата, коските, косата и ноктите. 

Колагенот игра голема улога во нашето здравје, а неговиот недостаток во нашето тело е поврзан со различни здравствени проблеми. Тој се обновува постојано во нашето тело и се произведува и храни од нашите клетки. Меѓутоа, со текот на времето настанува дефицит на колагенот и како резултат на тоа се јавуваат брчки, заболувања и други ефекти од старењето.

Треба да знаете дека постојат неколку видови колаген кои се класифицирани на следниот начин:

Колаген тип 1 – 90% од него се наоѓа во нашата кожа, коса, нокти, лигаменти и коски

Колаген тип 2 – се однесува на рскавицата

Колаген тип 3 – е протеинот во коските, тетивите и другите врзувачки ткива

Тој доаѓа во повеќе облици, а во телото може да се внесе преку исхраната, како додаток и суплемент, како и козметичките производи ако е наменет за кожата.

Кога станува збор за нашите тетиви и зглобови, наједноставно кажано, колагенот е лепакот кој ги држи заедно. Но, треба да знаеме дека со стареењето неговото создавање во нашето тело се намалува природно, а тоа предизвикува брчки, но и проблеми со зглобовите и тетивите. Другите фактори кои влијаат се однесуваат на животниот стил, како и исхраната која е богата со шеќер, пушењето, честото изложување на сонце и тн. Истовремено, генетските фактори имаат огромна улога.

Зошто е важен колагенот за нас?

Го подобрува здравјето на кожата

Како што споменавме, со стареењето се намалува производството на колаген и тоа се забележува на нашата кожа. Но, со зголемувањето на нивото на колаген кој го конзумираме имаме моќ да ја одржиме нашата кожа свежа и нежна, а истовремено тој помага и кај проблемите со целулитот и стриите. 

Ги намалува болките и дегенерацијата во зглобовите

Дали понекогаш чувствувате болка при движењето? Тоа веројатно се должи на создавањето колаген, па нашите тетиви и лигаменти се соочуваат со проблем што понатаму создава и отечени зглобови. Тој го намалува ризикот од влошување на здравјето на зглобовите.

Помага во лечење на синдромот на мрзливи црева

Ако патите од ваквиот синдром, колагенот може да има огромна улога во решавање на ваквиот проблем. Тој помага во разложување на протеинот и ги смирува цревата, а го штити и заштитниот слој на слузокожата на гастроинтестиналниот тракт. Денес многу болести се предизвикани од ова, а а слабото здравје на цревата и органите за варење може да предизвика големи проблеми за нашето здравје. 

Го поттикнува метаболизмот, енергијата и растот на мускулната маса

Зголемувањето на колагенот во нашата исхрана може да го поттикне метаболизмот особено при конверзијата на есенцијалните хранливи материите. Една од најважните улоги на аминокиселината глицин која тој ја содржи е претворање на глукозата во енергија што помага во одржување на мускулите, здрави коски и согорување повеќе калории. Освен тоа, глицинот е одличен и за дигестивниот и централниот нервен систем и одржување на здраво тело. 

Ги јакне ноктите, косата и забите

За кршењето на ноктите, често е виновен колагенот. Неговото поредовно конзумирање помага за одржување на здрава коса и нокти,  но и заби. 

Го подобрува здравјето на црниот дроб

За детоксикација од токсините и другите штетни супстанци, подобрување на крвотокот и одржување на витално срце, тој е особено корисен. Тоа е поради силното дејство на глицинот и неговото позитивно дејство на нашето тело.