А што до тогаш? Сакај се себеси!

Ако некој сака да биде покрај вас, ќе биде. Нема поедноставно правило од ова. Иако често самите сакаме да се уверуваме спротивното. 

Колку често се задоволуваме со трошки, барајќи ги само добрите работи кои некој ги направил за нас, притоа целосно игнорирајќи ги лошите. И иако се задоволуваме со тие трошки, сепак се надеваме и сакаме промени. 

Но, не, нема да се променат.  Не се важни нивните причини. И тие самите по себе не се важни. Вие сте важни. Зошто да се задоволувате со со малку, кога може да имате повеќе? Зарем не мислите дека ако некому сте му важни дека едноставно ќе ви го покаже тоа? Без да треба да си поставувате прашања и да барате знаци дали е тоа така.

Размислете каде сте вие во таа врска и за каква врска се работи? Дали се чувствувате почитувано цело време или само во одредени моменти? Моменти кои ви се премногу важни и поради кои не си заминувате... 

Останувате во таа полу-врска и натаму давајќи сѐ од себе. Добивајќи сѐ помалку  и помалку. Во некој момент можеби ќе добиете и трошка повеќе, па повторно ви се враќа надежта и давате уште една шанса. И така цело време во круг. 

Што мислите дека би направила личноста која навистина се сака себеси? Јас мислам дека таа личност најпрво би си дала шанса самата на себе, а сите други ќе ги стави на второ место. 

Вие заслужувате да бидете сакани и почитувани, заслужувате да бидете број 1, а не 3 или 5. 

Заслужувате многу подобро од чекање и мислење и денови поминати во постојано двоумење.

Заслужувате среќни моменти, исполнети со љубов и нежност. 

Заслужувате некој кој ќе знае како да се однесува со вас. 

Да ве сака искрено и со цело срце.

А што до тогаш? Сакајте се себеси!