Што да направите ако ве боли главата на секоја промена на времето?

Метеропатијата (прифатлив е и зборот метеопатија) е сериозно нарушување на кое никогаш не му се обрнува доволно внимание. 

Лицата кои страдаат од неа имаат симптоми како да се мамурни или болни, главоболка, болки во телото, вртоглавици, изнемоштеност и многу други појави кои ги спречуваат нормално да функционираат. 

Примарната метеоропатија се случува кај луѓе без други комордибитети, кои се генерално здрави, но на промена на време буквално паѓаат болни. Секундарната е поврзана со веќе постоечки болести, чии симптоми се влошуваат кога надвор се менува времето. 

Некои луѓе природно се чувствителни на промените на воздушниот притисок, како и комбинацијата од други временски појави, дожд, сонце, ветер, но и нивно наизменично менување во краток временски период. Може да почувствувате главоболка, лошо да спиете, замор, анксиозност, лесно иритирање, болки во телото, особено зглобовите, но и општо влошено расположение. 

Најчесто овој проблем се решава со апче против болка, зголемен внес на витамини и минерали и мирување неколку дена. Во овој период избегнувајте ги пороците, но и вежбите со висок интензитет. Послушајте го телото и неговите потреби, дури и ако ви „бара“ нешто што не е здраво, на пример сок или чоколадо, бидејќи веројатно е дека во вашето тело се случува некаков дисбаланс и треба да се вратите во рамнотежа.