Што читаше Скопје минатата година: Најчитаните статии во 2018!

Минатата година беше исклучително интересна од новинарски аспект.  Постојано имаше интересни вести кои нас не предизвикуваа да ги пишуваме и беа интересни за читателите.  Во продолжение следуваат десетте вести и информации кои најмногу го привлекова вашето внимание:

Најголем интерес предизвика веста за скршените тоалети, скинатите хулахопки по концертот на Аца Лукас во Арената „Борис Трајковски“. Оваа вест се најде на местото број еден по бројот на кликови.

На второто место по бројот на кликови е статијата на момчето од Илинден кое се заљуби во девојката од Карпош.  Тој вели: Не сум фраер, не сум убав, имам чиста душа, љубов и разбирање...Се заљубив во девојка недостижна за мене. Целата статија може да ја прочитате тука.

Смртта на Влатко Илиевски, за жал беше во фокусот изминатата година. Една од вестите поврзана со тоа се најде на третото место по бројот на кликови. Последната објава на Влатко може да ја прочитате тука.

Сторијата за родителската и хаосот кој настанал се најде на четвртото место по бројот на кликови.

Реалната сторија од нашето секојдневие се најде на местото број пет. Тажно е кога некој млад човек ќе посака да си поигра со чувствата на друг немоќен човек кој животот го довел во ситуација да питачи за да преживее. Целата сторија може да ја прочитате тука.

Декемврискиот апел на Мерсиха која испрати порака дека не треба да им даваме пари на луѓето кои просат на семафорите се најде на шестото место по читаност во 2018 година. Кои беа нејзините аргументи може да ја прочитате тука.

Тажните приказни секогаш предизвикуваат болка, па така беше и во минатата година. Статијата за губењето на родител во животот е токму таква и таа се најде на местото број седум по бројот на кликови во 2018 година.

Осмото место е резервирано за Арпад Штербик. Тој во интервју за Скопје Инфо откри дека 100-те кепабчиња подарок од Индира ќе ги памети засекогаш. Целото интервју во кое говори за нашиот град и својата кариера е на следниот линк.

Изминатата година ги избиравме и најубавите локали во Скопје. Еден од таквите избори беше тој за најубаво кафе и најубава пица.  Кој се најубавите локали погледнете тука. Ова беше статитијата на место број девет според читаноста од публиката.

И на местото број десет имаме една реална сторија, статика за љубовта и животот.  Се жениш пред 30-та година, затоа што така треба. Нормален си. Имаш две деца. Диплома. Работа. Сметки за струја. Сметки за телефон.  Целата статија е на следниот линк.