Што ако уредот за идентификација не го препознае гласачот?

Уредите за идентификација со отпечатоци се најголемата новина на овие локални избори. Со нив на избирачкото место раководи претседателот на избирачкиот совет или заменик-претседателот. Во првата изборна единица, некои избирачки одбори се соочија со пречки бидејќи апаратот не препознаваше гласачи или престана да функционира. Институциите и претходно признаа дека ќе има проблем со околу 30 отсто од податоците со отпечатоци од базата на МВР.

Првиот чекор што гласачите треба да го следат е да се појават на избирачкото место со валиден документ за идентификација. Гласачите го поднесуваат документот за идентификација до првиот член на избирачкиот совет. Ја симнувате маската неколку секунди за да се идентификувате. Гласачот потоа го минува вториот филтер за идентификација, го става показалецот од десната рака на апаратот за идентификација на отпечатоци. Апаратот ги содржи податоците на сите гласачи. Во случај податоците од документот за идентификација и податоците од отпечатоците од прсти да не се совпаѓаат, лицето не може да гласа. Избирачот кој ќе ги помине двата филтри за идентификација оди на третиот чекор, а тоа е да се најде на избирачкиот список. Откако ќе се најде на избирачкиот список, избирачот се потпишува и му се дава гласачкото ливче за да оди зад параванот и да гласа. Го превиткува гласачкото ливче и го става во гласачката кутија. Избирачот го зема документот за идентификација и го напушта избирачкото место.

Обезбедени се вкупно 4.000 уреди за 3480 избирачки места низ целата земја. Резервна опрема е дистрибуирана до општинските изборни комисии, во случај да имаат потреба од замена на опремата поради технички пречки за време на процесот на гласање.
Во сите општински комисии во земјата, има и персонал за ИТ кои имаат должност да обезбедат непречено функционирање на уредот за отпечатоци од прсти и избегнување на можни дефекти. ИТ експерти се од земјава, но и од германскиот производител на опрема Дермалог. Во случај апаратот да престане да функционира и не може да се поправи, а не може да се обезбеди негова замена, ДИК одлучува да продолжи да се гласа со стариот начин, УВ ламба и спреј.