Што ако останам сама?

Радосен израз и насмевка на лице: да, секогаш, но без оглед на тоа, едно тивко гласче во мојата глава упорно ме прашуваше: „Што ако останеш сама?“

Шепот во главата кој предолго ме правеше несреќна и ме држеше заробена. Бев во нездрава врска само поради стравот дека ќе останам сама. Минував ноќи разговарајќи со тоа гласче во главата. Мислев дека прифаќање на каква било љубов, макар и стара љубов, е подобро отколку воопшто да немаш љубов. Сите стравови на крајот се сведуваат на исто: порано или подоцна мораш да се соочиш со нив. Видев дека одиме кон пропаст, но не си заминав поради тоа. Си заминав поради тоа што помислата да останам беше незамислива. Прекинав долгогодишна врска која ме правеше несреќна и која ми создаваше нервози и не знаев што сакав да правам, не знаев точно што ќе ме направи среќна, но си заминав... Океј, чекор по чекор и со насмевка на лицето. Ќе го сметам за добро сѐ она што ќе ме насмее. Ми требаше внимание и чувство дека некој се грижи за мене.

Свесно грешев, ден за ден. Мислев дека знам што ми треба, а всушност не знаев. Подоцна сфатив дека ми треба некој кој може да ме насмее. На крајот на работниот ден, кога ќе си дојдев дома и уморна ќе си легнев во кревет, се остваруваа моите најголемите стравовии – јас бев сама. Бев сама, а не сакав да бидам сама. Не ми требаше секс и лажна посветеност на човек кој лежи до мене во кревет, ми требаше љубов. Во тие моменти на осаменост станав свесна дека во целата приказна јас најмалку се сакам и почитувам самата себе.

Шепотот во главата и натаму ме фрлаше на под со истото прашање, разговарав самата со себе, толку многу се плашев од самотија. И тогаш себеси си го поставив клучното прашање: Дали немањето партнер навистина е најлошата работа на светот? Па што ако останам сама? Што ако љубовта не ми е запишана во ѕвездите? Тоа прашање: „Што ако останам сама?“, ми се вртеше во глава поради тоа што навистина бев сама и осамена. Бројот на пријатели и познаници стана неважен, а уште поневажни беа луѓето кои навистина го сакаа моето внимание, бидејќи ЈАС бев осамена. Можеби не сама, но дефинитивно осамена. Тоа се клучната разлика меѓу „Што ако...?“ и „Па што ако...“. Конечно ги отворив очите и сфатив дека не можеш да бидеш сама ако се имаш себеси.

Се заљубив во животот

Првпат во животот имав јасна визија за иднината и што сакам од неа. Конечно сфатив колку вредам. Престанав да бидам личноста која само сака да биде со некој и сфатив дека тоа не е решение. Сите ние сме луѓе од крв и месо и потребен ни е друг човек, но тоа не треба да биде причина за да прифатиш нешто што не те усреќува. Не, не беше лесно, но дојде време кога мојот живот едноставно не беше насочен кон барање партнер. Запознавав различни мажи, но престанав да ги гледам како потенцијална љубов или љубовници. Станав жената која отсекогаш сакав да бидам.

Сега, откако поминав сѐ и сешто, јасно ја гледам разликата меѓу врската во која блескате и врската во која се собирате од страв. Ја научив разликата меѓу „посакувана“ и „сакана“. Самопочитувањето е најголемиот подарок кој ќе си го дадете самите на себе. Мене ми требаше многу долго време, но успеав. Нема повеќе осамени ноќи – нема да останам сама. Љубовта ми е судена затоа што цврсто и искрено верувам во љубов. Можеби го немам одговорот на прашањето: „Кога ќе дојде?“, но знам дека ќе дојде. Патувањето наречено живот не може секогаш да биде пријатно, мора да има и лоши работи. Лошите работи нѐ прават посилни. Осаменоста повеќе не е избор, затоа што љубовта ќе дојде, порано или подоцна. Животот е да се живее. Животот е за да се љуби.