Штитеник на домот „25 Мај“ пријавен за исчезнат

Седумнаесет годишен штитеник од домот „25-ти Мај“ пред пет дена се оддалечил во непознат правец и оттогаш го нема, соопшти полицијата.

Случајот вчера го пријавила З.М.(43) во Полициска станица Чаир.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на шитеникот.