Штитениците од СОС детското село со покана до сите граѓани за нивната полуматурска и матурска прослава

Полуматурска и матурска прослава за штитениците од СОС детско село вечер ќе се одржи во Универзитетското бифе на ФОН Универзитет. Прославата е од отворен и хуманитарен карактер, а студентите од Факултетот за дизјан и мултимедија се погрижија да го организираат настанот и да обезбедат гардероба за полуматурантите и матурантите.

За време на настанот ќе има кутии за донации. Со донираните пари ќе се обезбедат технички материјали кои му се потребни на СОС детско село за понатамошно дневно функционирање на децата без родителска грижа.