Јавното обвинителство Штип ќе почне истражна постапка за јавен обвинител вработен во обвинителството во Скопје поради сомнеж за сторено кривично дело Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.
Имено група вработени поднеле кривична пријава до Јавното обвинителство на Македонија поради малтретирање во вршење на службата. Истрагата на штипското обвинителство покажала сознанија кои упатуваат на сомнение и за дејствија на злоупотреба на службената положба и овластување.
„По приемот на известувањето за поведена истрага, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за оддалечување од функцијата за јавниот обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава против него“, се вели во соопштението на обвинителството.