Штипскиот градоначалник по втор пат стана татко, ќеркичката доби уникатно име

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов по втор пат стана татко, а радосната вест ја објави на социјалните мрежи.

„По втор пат станав татко, се роди мојата втора ќерка Иконија. Благодарност до целиот медицински тим во Клиничка Болница Штип. Слава тебе Господи,“ напиша Јорданов на Фејсбук. 

Јорданов со сопругата Стефанија ја имаат и ќерката Ангела.