Огромен успех за младиот штипјанец Стефан Ѓоргиев кој стана Светски шампион во Бодибилдинг негово најголемо достигнување.
Ѓоргиев го освои златото на Светското првенство кое се одржуваше во Шпанија во категоријата до 23 години.
Ѓоргиев вели дека подготовките за Светското првенство биле доста тешки и напорни.
Младиот штипајанец вели дека бил тежок распоредот на неговите натпревари, но успеал да стигне до златото на Светското првенство.
Ѓоргиев вели дека со максимална поддршка која ја добивал од тренерот, семејството и најблиските стигна до неговиот најголем успех.
За Ѓоргиев ќе следи заслужен одмор од еден месец, а потоа ќе се посвети на неговите цели.
Младиот штипјанец Стефан Ѓоргиев бележи огромни успеси како бодибилдер на светско ниво.