Штипјанец уапсен во Тетово поради три кражби

27-годишен штипјанец вчера бил уапсен во Тетово, бидејќи е осомничен за обид за тешка кражба во спортска обложувалница и за уште две други кражби.

Како што информираат од МВР, вчера во 12:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Ц. (27) од Штип, со живеалиште во Тетово.

Според МВР, постои основано сомнение дека тој се обидел да изврши тешка кражба во спортска обложувалница, како и дека сторил две кривични дела „дрска кражба“ во текот на минатата недела.

М.Ц. бил задржан во полициска станица, а по целосното расчистување и документирање на случаите, против него ќе следува соодветна пријава.