
Маж од Штип вчера пре дполноќ се заканувал со остар предмет на сограѓанин. При нападот го погодил и со тврд предмет и го повредил.
- На 11.06.2026 во 23:45 часот на ул.„Балканска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.П.(43) од Штип затоа што околу 22:15 часот со остар предмет се заканувал на Р.Ј.(49) од Штип, по што фрлил и тврд предмет кон него и му нанел повреда, информираа од МВР за инцидентот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.