Штипјанец го натепал својот 74-годишен татко - полицијата го уапсила

Уапсен 47-годишен штипјанец, поради физички напад на неговиот татко во семејниот дом.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (09.01.2026) во 16:20 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода И.П.(47) од штипско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 74-годишен татко, дека во семејниот дом физички го нападнал.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.