Штипјанец дивеел дома: Се заканувал на мајка си, оштетил покуќнина и ѝ го украл мобилниот

Уапсен 28-годишен штипјанец кој на својата 53-годишна мајка и се заканувал, оштетил дел од покуќнината и ѝ го одзел мобилниот телефон.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (12.12.2025) во 13:40 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.М.(28) од Штип, по претходна пријава од неговата 53-годишна мајка дека и упатувал закани, оштетил дел од покуќнината и ѝ го одзел мобилниот телефон.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.