Штип Сити Мол: Последни подготовки пред отворањето

Оваа есен, граѓаните на Штип и цела Источна Македонија ќе добијат нова дестинација за шопинг и забава.

Првиот трговски центар во Штип – Штип Сити Мол е во завршна фаза и со нетрпение чека да ги отвори вратите за сите посетители.

Овој нов трговски центар на граѓаните, но и на градот Штип ќе им пружи квалитетно шопинг искуство по светски стандарди, место за забава и дружење, и ќе претставува вистинска регионална атракција и место за уживање на целото семејство.

Меѓу бројните иновации кои ги има молот, значително е да се спомене дека Штип Сити Мол е и првиот трговски центар кој има своја фотонапонска централа која ќе задоволува дел од потребите на молот со што придонесува за поповолни услови за закупците.

“Во тек се последните подготовки до официјалното отворање на единствениот трговски центар во Источна Македонија, и со гордост можам да кажам дека целиот тим на Штип Сити Мол заедно со сите вклучени страни во проектот работиме во полн капацитет, со цел побрзо да бидеме достапни за сите купувачи. Овој шопинг центар кој ќе биде најголем и најмодерен трговски центар во овој регион, претставува двигател на економијата и ќе има значителен допринос во економско-трговски развој на градот Штип и целиот источен регион,кој опфаќа повеќе од 250 000 жители. Од самиот почеток објектот интензивно се гради, и веќе е во завршна фаза, а инвестицијата досега изнесува 10,5 милиони евра и очекуваме да биде завршена со 12 милиони евра во предвидениот рок.Во изграбата на овој центар интензивно работат од 100 до 150 луѓе секојдневно, а по отворањетодополнително ќе придонесе и за околу 300 до 400 нови директни и индиректни вработувања.” – изјави Гоце Југов, проект менаџер на Штип Сити Мол.

“Трговскиот центар се простира на површина од12.780м², со околу 30 закупци, распоредени на 5 нивоа, и е најголемиот и единствен од таков тип трговски центар во Источна Македонија.Со изградбата на овој шопинг центар успеавме да воведеме нова приказна во градот Штип но и во целиот источен регион, која е на ниво на светските шопинг центри, со ултра модерен ентериер и изглед, опкружена со зеленило, со цел шопинг искуството да биде на највисоко ниво.Среќни сме што 98% од капацитетот на молот е веќе пополнет, и закупците полека ги припремаат своите локали. Штип Сити Мол се наоѓа на лесно достапна и одлично поврзана локација, во најфреквентниот дел на Штип надополнувајќи ја урбаната нота на градот.” – изјави Марија Портарска, архитект на Штип Сити Мол.

Трговскиот центар ќе нуди голем број на локални и светски познати брендови на едно место, богати забавни содржини, хотел, ресторан, кафуле, брза храна, текстил, козметика, игротека, книжара, бела техника и многу повеќе.

Лоциран е на една од најатрактивните точки во градот Штип, на самиот негов влез.

Штип Сити Мол, заедно со хотелот и аква паркот, ќе ја збогати понудата на забавни и шопинг содржини, привлекувајќи огромен број на посетители од сите возрасти, не само од регионот, туку и од целата држава.