Арпад Штербик веќе нема да е на голот на Вардар, откако ветеранот реши да се пресели во клубот на Веспрем, каде што се надева дека ќе направи подобра атмосфера за своите деца, секако поради неговото унгарско потекло.

На официјалниот веб-сајт на унгарскиот клуб, Штербик зборува за преселбата и за последната сезона во Вардар.

„Имавме тешка сезона со Вардар со силни и слаби периоди, но успеавме да отидеме во Келн. Мислам дека сезоната беше добра – ја освоивме двојната титула, СЕХА лигата и бевме на Фајнал 4. Малку ни недостасуваше на крај. Немавме среќа со повредите, но сезоната не беше лоша. Поминав четири години во Скопје и навистина ми се допаѓаше. Клубот направи прогрес и во резултатите во организацијата. Исто така уживав во приватниот живот. Семејството убаво се навикна на животот и иако сме среќни што патуваме назад во Веспрем, срцето боли што заминуваме од Скопје“, вели Штербик.

Сепак, сега пред него е навикнувањето на новиот дом.

„Пристигнавме тука минатата среда и повеќето работи ни се расфрлани во домот. Нешто преселивме во текот на зимата, така што наскоро ќе се средиме. Никогаш не е лесно кога се селиш со цело семејство“, додава голманот.