Штандови за идеи низ Бутел овој викенд - Граѓаните може да ги споделат предлозите и проблемите

Градоначалникот на ооштина Бутел и кандидат за упте еден мандат Дарко Костовски информира дека тимовите се на терен и ги собираат идеите на граѓаните за идната програма во која ќе бидат многу проекти.

- Заедно со граѓаните ја градиме иднината на Општина Бутел! Од денес тимови ќе посетат голем број домови во сите населени места, тимовите ќе собираат предлози и идеи за програмата. Овој викенд ќе организираме и штандови на најфрекфентните локации за време на викендите, информира Костовски. 

Исто така, за поголема вклученост, граѓаните ќе имаат можност своите предлози, идеи, решенија да ги достават и преку дополнителните алатки за комуникација:

- архива на Општина Бутел

- меилот info@opstinabutel.gov.mk

- на телефонскиот број 075274421

- Општина Бутел и во наредните години ќе работи исклучително за потребите и во интерес на граѓаните ! Продолжуваме со уште посилно темпо! За стабилна, модерна, европска и просперитетна Општина Бутел! - вели градоначалникот кој ги поканува гражжаите да ги дадат своите предлози.