Шпаркасе Банка Македонија презеде мерки за пријавените случаи

Во однос на информацијата која попладнево беше објавена во медиумите за петмина граѓани кои пријавиле во СВР Скопје дека им недостасуваат пари и предмети кои ги чувале во сефови во објект на Шпаркасе банка во Скопје, попладнево во соопштение се огласи банката.

Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Министерството за внатрешни работи,  согласно законските прописи спроведува истражна постапка во однос на изолираните пријавени инциденти во сефовското работење.

Шпаркасе Банка Македонија продолжува регуларно да ги извршува активностите во доменот на сефовското работење согласно поставените интерни процедури и законските прописи.

Банката ги преземa сите мерки за да ги заштити интересите на клиентите и да ги опслужува со висока професионалност, се вели во соопштението.

 

new nike air max 2019