Шпагети со сос од зеленчук со неверојатно богат вкус

Кога не знаете што да подготвите за ручек, никогаш нема да погрешките ако се одлучите за тестенини. 

Тие се лесни за подготовка, а можете да ги комбинирате со секоја можна состојка која ја имате дома. Овојпат ви предлагаме да направите сос од зеленчук од следните состојки:

100 гр шампињони
200 гр тиквичка
Еден млад кромид
Едно чешне лук
Малку луто пиперче
5 црни маслинки
5 сушени домати
Босилек, магдонос и суви зачини
По желба, мала конзерва туна

Подготовка:

Сварете 300 гр тестенини (доволни за две лица). Во голема тава загрејте масло, во кое ќе го пропржите исецканиот млад кромид и парчето луто пиперче. Ако користите туна, ставете ја во овој момент, заедно со лукот. Ако не користите, пропржете го само лукот, па додадете ги маслинките и шампињоните и сушентие зачини. Динстајте додека да испари поголемиот дел од течноста на печурките.

Потоа, додадете ја изренданата тиквичка, сувите домати и зачинете. Варете уште 5 минути.

Зачувајте малку од водата во која се вареа тестенините. Кога се сварени, додадете ги тестенините во сосот, па прелијте со зачуваната вода. Кога ќе се згусти, додадеде парче путер, а по желба можете да збогатите и со павлака за готвење. Послужете со пармезан.