Шпагети карбонара според оригиналниот италијански рецепт

Одговорот го има Антонио Карлучо.

Познатите јадења често повлекуваат полемики околу употребата на оригиналните намирници и начинот на подготовка. Колку различни порции на прочуените шпагети карбонара сте пробале?

Кој воопшто ги измислил шпагетите? Познато е дека кај нас зборот шпагети доаѓа од италијанскиот јазик, но спорно е како тој збор влегол во италијанскиот јазик. Етимолозите упатуваат дека зборот шпагети има исто потекло како и зборот шпага (балетско движење), а шпага е збор кој во италијанскиот јазик влегол преку арапскиот. Легендата вели дека шпагетите ги донел во Италија Марко Поло откако се вратил од Кина во 1295 година, но и тоа е сепак само една легенда. Во 2005 година откриен е еден документ од Сицилија кој потекнува од 1180 година (значи повеќе од цел век пред доаѓањето на Марко Поло од Кина) а во документот се спомнуваат „вермичели“-те (вид на шпагети малку подебели од класичните).

Како и да е, шпагетите се денес синоним за италијанска храна, иако различни полемики се водат околу тоа кој рецепт на сос е најстариот, највистинскиот, оригиналниот. На пример, околу еден од најосновните и најстарите сосови за шпагети, таканаречен „ала путанеска“, етимолозите никако не можат да се согласат. Околу сосот наречен карбонара не постои пак согласност само околу потеклото на името. Карбонара е инаку е најомилениот сос за шпагети кој не содржи домати.

Дилемите за тоа како се подготвуваат оригиналните шпагети карбонара ги решава ватеранот на италијанската гастрономија Антонио Карлучо.

Уживајте во видеото.