Шопинг во Солун по багателна цена, во Скопје скапо и на тотална распродажба!

Многу пати слушаме дека е најубаво да се оди на шопинг кога е крај на една и почеток на друга сезона. Периодов се продаваат летни работи, чија цена достигнува и до 80 проценти попуст, како и есенски работи кои останале од минатат година, исто по ниска цена.

Македонските граѓани без размислување заминуваат на шопинг кај нашиот јужен сосед,за да го искористат  попуст на стоката за широка потрошувачка што се движи од 20 до 70 проценти, до тотална распродажба.

Традицијата за шопиг во Солун продолжува. Македонските граѓани викендите и слободните денови практикуваат да ги користат за шопинг во Грција.

И од Туристичките агенции што ги организираат шопинг турите потврдуваат дека за викенд или за празник се бара место повеќе. Но на граничниот премин на Гевгелија се согледува дека голем број од нив заминуваат на пазарување во сопствена режија.

Најпопуларни места за нашите шопинг туристи се  големите центри како Космос, Икеа, Метро, Лидл... Најмногу се пазарува во продавниците на "Зара", "Манго", "Спринкфилд", "Котон"...

Како што велат тие на распродажбите речиси никој не може да им одолее, особено за слаткиот одмор со шоља кафе крај морскиот брег. Оние што веќе беа на пазарувањето во Солун велат дека може да се купат брендирани фармерки од 10 до 15 евра, блузи по 5 евра, фустани за 10 евра...

Масовни се попустите и за домаќински работи кои се нудат по цена од 1 до 5 евра. Граѓаните кои се опседнати со шопинг манија генерално се задоволни од ниските цени и велат дека ги чекаат со нетрпение распродажбите и најчесто трошат повеќе од планираното, пред се заради тоа што зимската гардероба е поскапа од летната.

Дека нашите граѓани често патуваат во Грција покажуваат и последните статистички податоци каде што се согледува дека околу 2,8 милиони Македонци лани биле во посета на Грција. Претпоставките се дека македонските државјани во Грција потрошиле околу една милијарда евра.

Но, македонските трговци се незадоволни што се патува во соседството и се прашуваат зашто и покрај истиот попустот од околу 70%, сепак продавници не се доволно посетени,а купувачите одат во Солун.

Тие не сакаат да ја мешаат политиката со бизнисот но сепак не можа да разберам како нашите граѓани повеќе да сакаат шопинг во Солун, отколку шопинг во Скопје. Тие им препорачуваат да практикуваат денарот што го заработиле во нашата земја да го остават дома,а не во странство. Токму затоа дел од домашните трговци.

Но и покрај тоа, граѓаните реагираат и велат кај нас и кога има тотална распродажба е поскапо, отколку во трговските центри во регионот.