Шопинг во Грција и Бугарија по багателна цена, во Скопје скапо и на тотална распродажба!

Исто парче облека од ист меѓународен бренд по различна цена. Гардеробата во Скопје речиси секогаш е поскапа во споредба со европските, но и со регионалните метрополи. Директната споредба покажува разлика од 10 па до дури 40 проценти.

Шопиг во Бугарија

Ист меѓународен, шпански бренд ги нуди производите по различни цени во различни земји. На македонската верзија на нивниот интернет сајт машка јакна од вештачка кожа се нуди за 2.990 денари (49 евра), на шпанската и бугарската верзија за 46 евра. Женска чанта во земјава се продава за 1.990 денари (32 евра), во Шпанија и во Бугарија цената е 30 евра.

Ова можеби е минимална разлика, но таа станува драстична при попустите и промоциите. Истата јакна при сезонската распродажба во Скопје достигнува цена од 2.000 денари (33 евра), но во Шпанија и Бугарија се спушта и до 20 евра. Чантата овде со попуст би била 1.500 денари (24 евра, а во другите држави 15 до 20 евра.

Шопиг во Грција

Традицијата за шопиг во Солун во јануари и феврувари продолжува и годинава. Попустите стартуваа на 15 јануари и ќе траат до 15 февруари годинава, Македонските граѓани викендите и слободните денови практикуваат да ги користат за шопинг во Грција. Попуст на стоката за широка потрошувачка што се движи од 50 до 70 проценти, но и повеќе.И од Туристичките агенции што ги организираат шопинг турите потврдуваат дека за викенд или за празник се бара место повеќе. Но на граничниот премин на Гевгелија се согледува дека голем број од нив заминуваат на пазарување во сопствена режија.

Дека нашите граѓани често патуваат во Грција покажуваат и последните статистички податоци каде што се согледува дека околу 2,8 милиони Македонци лани биле во посета на Грција. Претпоставките се дека македонските државјани во Грција потрошиле околу една милијарда евра.

Македонските трговци

Македонските трговци се незадоволни што се патува во соседството и се прашуваат зашто и покрај истиот попустот од околу 70%, сепак продавници не се доволно посетени,а купувачите одат во Солун.

Тие не сакаат да ја мешаат политиката со бизнисот но сепак не можа да разберам како нашите граѓани повеќе да сакаат шопинг во Солун, отколку шопинг во Скопје. Тие им препорачуваат да практикуваат денарот што го заработиле во нашата земја да го остават дома,а не во странство. Токму затоа дел од домашните трговци за февруари најавуваат тотални распородажби, популарно наречени гаражни попусти.

Доколку се направи една обиколка по градот може да се согледа дека годинава заради пониските зимски температури најмногу се намалени сезонските обувки, чизмите за снег, гојзериците, водоотпорните длабоки чевли, но и зимски дебели виндјакни, џемпери, блузони, дуксери и слично.

На попуст се и капите и шаловите, како и дел од скијачката опрема.За љубителите на шопингот интересно е што по намалени цени се и модните додатоци, козметиката, накитот, очилата за скијање, санките и слично.

Попустите и годинава варираат во зависност од тоа каков предмет купувате, од која трговска марки и дали е од последната сезона или од ланската. Оваа зима во Скопје се регистрирани се големи попусти и кај мебелот, апаратите за домаќинство и постелнината.

Но и покрај тоа, граѓаните реагираат и велат кај нас и кога има тотална распродажба е поскапо, отколку во трговските центри во регионот.