Шопенхауер: Секој ден е како нов живот, не уништувајте го размислувајќи за минатото или грижејќи се за иднината

Сеќавањето на минатото и стравот од иднината во голема мера само ни го трујат животот. Опсесијата нѐ спречува да се сконцентрираме на сегашните моменти, ја зголемува загриженоста и негативно влијае на квалитетот на нашиот живот.

Малку луѓе знаат дека големиот филозоф Артур Шопенхауер на средината на 19 век предложил многу едноставно и мудро решение, кое може да го ублажи нашето неспокојство поврзано со минатото и иднината.

Според него, обврска на човекот е да научи да живее во сегашноста и да се ослободи од сеќавањата поврзани со минатото и стравод од иднината. Тој вели дека единствено вистински сме во сегашноста, а сето тоа што се случило во минатото или што мислиме дека ќе се случи во иднината е само перцепција, која многу често е искривена.

Тој вели дека секој ден треба да го гледаме како нов живот. Не треба да го загрозуваме сегашниот момент со нашето потсетување на минатото, или пак постојано грижење за иднината. На тој начин, правејќи го тоа го уништуваме сегашниот момент и тоа што сега го имаме, околу нас.

Секој нов ден е нов живот во минијатурна верзија, будењето е ново раѓање, секое утро е младоста, а заспивањето е како смртта. Ако се потрудите да живеете на овој начин, ќе успеете да се ослободите од вашата опсесија од она што не е тука, во моментот, што било или можеби ќе биде.

Секој ден почнува наутро, а завршува ноќе. Тоа е се. Зошто да жалиме за тоа? Постои само еден ден, а тоа е денешниот.