Шон Пол во четврток во Скопје

Една од најактуелните светски ѕвезди, јамајканскиот суперстар Шон Пол (SEAN PAUL) на 23 август ќе гостува во Скопје!

Во склоп на неговата светска турнеја, од сите локации во регионов, Шон Пол ќе настапи само во Скопје!

Една од најголемите ѕвезди на денешницата, на дружба со македонската публика пристигнува директно од Кардиф, Велика Британија, а по Скопје продолжува кон Азија.

Повеќекратниот Греми добитник на скопскиот концерт доаѓа со својата комплетна екипа составена од врвни танчари и музичари. Влезниците за овој уникатниот настан во организација на Fusion Production и Akasha booking во претпродажба ќе бидат пуштени од денес, и тоа по специјално намалени цени, во ограничен број преку продажните мрежи на karti.com.mk и mktickets.mk, како и на kupikarti.mk.

Локација: Стадион АРМ, Градски Парк, Скопје/ Почеток: 20 часот.