Шон Пол не доаѓа во Скопје - концертот откажан неколку часа пред почетокот

Концертот на големата ѕвезда Шон Пол во Скопје, кој беше долго најавуван и ребаше да биде единствен во регионот, е откажан на неколку часа пред неговиот почеток, откако „Фјужн продакшн“ објави дека од технички причини пејачот бил спречен да се качи на летот од Лондон за Скопје и поради тоа што неговата турнеја продолжува за Азија.

Од „Фјужн продакшн“ велат дека купените влезници ќе можат да се зачуваат за новиот датум на концертот, што дополнително ќе бил соопштен.