Шокантно! Со 4,35 промили алкохол во крвта млад возач возел на булевар во Делчево

Можеби звучи неверојатно, но млад возач управувал „ровер“ со 4,35 промили алкохол во крвта на булевар во Делчево. Полицијата го упаси. 

- На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеницо од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од село Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта, информираа од полицијата. 

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.