Шокантно откритие во Италија: Во крвта на крводарителите пронајдено нешто неочекувано

Секој дваесетти дарител на крв во Милано развил антитела на„Ковид-19“ пред првиот официјален позитивен случај во Италија кон крајот на февруари, според студијата на поликлиниката во главниот град на Ломбардија.

Анализата на поликлиниката во Милано потврди дека вирусот циркулирал во Италија пред 21 февруари, кога бил утврден првиот официјален случај во Кодоњо.

Студијата, во која беа вклучени 800 крводарители, објавена на веб-страницата medRxiv, укажува на тоа дека на почетокот на епидемијата, 4,6 проценти од дарителите на крв веќе имале антитела на вирусот „Ковид-19“, а тој процент се искачил на 7,1 процент на почетокот на април.

Студијата е дизајнирана и спроведена од експерти од Одделот за трансфузија на поликлиниката во Милано во соработка со Универзитетот во Милано и неколку други истражувачи од здравствени установи во главниот град на Ломбардија, најтешко погодениот регион од вирусот „Ковид-19“ во Италија.