Шокантни слики од зграда во Скопје, терасата ја претворил во депонија

Шокантни слики се појави од зграда во Скопје каде се гледа тераса преполна со ѓубре. Авторот на фотографијата терасата ја опишува како голем контејнер и прашува каде може да се пријави овој случај со оглед дека од терасата се шири неподнослива миризба

„Каде да се пријави? Се работи за соседот над нас во зграда балконот му е контијнер. Почнаа мравки да се појавуваат на настрешницата а сега како што ќе се стопли може и змии да излезат. А да не збориме кај него дома смрдеа“, се вели во постот.