Шокантни сцени од центарот на Охрид: Гол маж протрчал по целата должина на кејот

Шок и неверување предизвика вчерашната глетка во центарот на Охрид откако гол маж го искористил сончевото време за џогинг. Човекот среде бел ден протрчал по целата должина на кејот, продолжувајќи кон плажите без никој да го запре.

Снимките од овој несекојдневен настан се појавија на социјалните мрежи каде може да се забележи како мажот трча низ целиот центар на Охрид, додека минувачите со неверување го гледаат.