
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во вчерашната „Топ тема“ на Телма ТВ вели дека ЈП „Национални шуми“ е уништено. Ангелов посочи дека до нив стинал шокантен мејл во кој известуваат дека поради блокирана сметка неможат да набават гориво и да не се смета на нив во гаснењето на пожарите.
„Сега, на чело на тоа претпријатие дојде саглам директор кој што добро ја познава оваа проблематика и јас сум голем оптимист дека таму, најпосле, работите ќе тргнат на подобро. Претпријатието е уништено. Ние пред еден месец добивме меил од нив во кој нè известија дека поради блокирана сметка не можат да набават гориво и да не сметаме на нивните гасначи, на нивните пожарникари. Тоа е неодговорно и недозволиво поведение. Оние кои имаат задача да го дадат првиот одговор во шума, нè известија „ние немаме гориво и нема да гаснеме“, изјави Ангелов.