„Шок“ за Работнички, првиот „пик“ се сели во Битола

Поранешниот голгетер на Работнички, и некогашен член на македонската репрезентација Баже Илијоски е новиот напаѓач на Пелистер.

Тој потпиша за битолскиот тим и ќе го засили во настапите за пролетниот дел каде што екипата се бори за пласман во финалето од Купот, и за позициите кои носат во Европа.

Со тоа Пелистер добива големо засилување во своите редови во името на еден од најдобрите голгетери во нашето првенство.