Македонската јавност е во шок, откако вчера беше објавена снимка од тепањето на хрватскиот ракометар Денис Тот пред една скопска дискотека.
Каде згрешивме како општество, е главното прашање кое се наметна откако на видео снимката се гледа дека млади луѓе крвнички го претепуваат Тот кој лега неподвижно, а никој од страна не реагира.
Реакциите на социјалните мрежи се бројни!
-Го изгледав грозното видео со многу луѓе на него. Ги приметив оние двајца кои ладно излагаат од диско и се оддалечуваат. Никој не свртел во полиција изгледа. Оние двајца не се ни свртеа да видат што се случува. Таа индиферентност кон насилството. Тој "да не се мешаме" став кон насилство додека како општество сме склони да се мешаме апсолутно во све, во туѓи спални, туѓи кујни. Таа индиферентност, драги мои, е соучесник во насилство! Искрено се надевам на најстроги казни за насилниците! - Ина Многуфина
-Одминувачи и непружачи на прва помош се посебен наш феномен. - Д-р Ненад Лазаров
-Некако знаев и претходно ама сега ми се потврди, овој народ ќе те остави да умреш на улица ако нешто ти се случи и тоа ми влева страв и ме прави многу тажна истовремено - Јована Јовановска
-Сосема е очекувано сите тие алкохоли, кокаини измешани со мишомори и креда, сите тие Диазепами, Хелекси џвакнати ко бонбони, сите тие лажирани Инстаграми, уонаби јаки фаци, жени од султана напеви и лоши животни навики, избори и модели да резултираат со апатија, агресија и смрт. Замисли вакво нешто да се деси со смути после џогинг, или чај после посета на Филхармонија... Немогуче... И да, мафнете ги дискотеките од Парк! Под систем хитно! - Ирена Ристиќ
-Ова се убијците на ракометарот Тот. Позади овој у розево кошулче, стојат икони. Продуховен верник воден од Бог, а? Ние сме расадник на психопати. Ова се млади луѓе, со родители близу мојата генерација. Каде згрешивме генерацијо моја транзициска? Каде ги испуштивте децата? Во трката за престиж и моќ не ги научивте на емпатија и солидарност. Освестете се. Има првоодделенци кои во школо кажуваат која марка им се патиките, кој модел на телефон имаат и каква кола возат мама и тато. И знаат за вмро и сдс. Таквото надмено воспитување базирано на конзумеризам и престиж создава убијци. И овие убијци сигурно се така воспитувани. Престижот, материјализмот, конзумеризмот повлекуваат агресија, а не емпатија. Погледнете си ги децата до вас сега во моментов, прашајте се зошто на некој кој штотуку се родил важно му е што носи, што вози тато, колку пари има мама и колку се моќни со нивните работни позиции. Тоа нека ви биде тригер за паника. Воспитувајте додека не е предоцна. - Фросина Фро