Убав гест на шкотските навивачи пред вечерашниот натпревар со Македонија.

Шкотската хуманитарна организација Tartan Army Children’s Charity (TACC) донирала 200.000 денари за фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани. Со средствата е набавена нова самоодна косилка за одржување на фудбалските терени и спортските површини кои ги користат младите фудбалери.
Во клубот тренираат голем број деца од Кочани и околните населени места, а досега одржувањето на терените во значителен дел го вршеле волонтери со рачни машини.

Шкотските навивачи, познати како „Tartan Army“, деновиве имаа хуманитарни активности и во Скопје, каде што го поддржаа и Рома рок училиштето.
Вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ Македонија и Шкотска ќе го одиграат натпреварот од Лигата на нации.