Шкорпија: Емотивна, привлечна и мистериозна

Ќе се сложите – Шкорпиите не се воопшто лесни личности. Малку се чудни и необични, а изгледа и како секогаш да кријат некаква тајна. Имаат мирно и стабилно однесување и се многу храбри личности.

Сепак, колку и да се необични, имаат неверојатен магнетизам и шарм. Која е нивната тајна?

Шкорпиите делуваат искрено и отворено и се вложуваат целосно, што и да прават. Со нив, секогаш знаете што мислат за вас. Прашање е само дали тоа ви се допаѓа или не.

Шкорпиите се водени од емоциите и многу нивни реакции се бурни, поради тоа. Сепак, тие се личности кои делуваат студено и мистериозно и ретко кој би рекол дека се толку емотивни. Владетел на овој знак е Плутон. Токму и како грчкиот бог, тие се мистериозни, шармантни личности.

Нивни предности се: храброст, отвореност, упорност, страст, искреност и интуитивност

Маани: сомничавост, љубомора, насилност, таинственост.

Голем дел од луѓето мислат дека Шкорпиите се мистериозни и тешки личности кои подобро е да ги одминете во животот, но кога тие ќе ви станат пријатели, не постојат попредадени и полојални пријатели од нив. Сепак, Шкорпиите се многу пребирливи и не сакаат да се спријателуваат со секого. Тие имаат мал круг на пријатели за кои имаат високо мислење.

Тие не сакаат пасивни личности и највеќе од се презираат неискреност. Многу тешко простуваат лоши работи и тие се најголемото злопамтило во хороскопот. Сакаат искреност и отвореност, бидејќи и самите се такви. Веруваат во својата интуиција и поради тоа многу добро ги читаат луѓето. Не даваат комплименти лесно, но ако пофалат нешто, тоа навистина е добро. Верувајте им.

Тие се аналитичари. Опседнати се со вистината, факти и подготвени се долго да истражуваат за да дојдат до вистината. Највеќе од се на светот сакаат да бидат во право. Ќе ги чуваат мудро сите факти и аргументи и ќе го чекаат моментот кога треба да прослават дека биле во право.