„Школа за љубавнике“ во Дом на АРМ

„Школа за љубавнике“, претставата која ја одбележа 2016 година во Србија, скопската публика вечер премиерно ќе има можност да ја види  во Дом на АРМ.

Режисер на претставата е Бојан Стојчетовиќ, а во главните улоги настапуваат Милан Васиќ, Јелена Ракочевиќ Цекиќ, Милан Калиниќ, Александра Цукиќ и Бојан Стојчетовиќ.