Шкендија го овековечи пристигнувањето во Милано (фото)

Фудбалерите на Шкендија синоќа со чартер лет слетаа на аеродромот во Милано и со клупскиот автобус беа пренесени во хотел.

Тие важат за аутсајдер во дуелот против славниот Милан, кој летовото со помош на новите кинески газди направија целосен ремонт во екипата, но тетовчани не отпатуваа во Италија со бело знаме, туку со желба и мотиви за сензација.

За денеска е закажана нивната прес конференција, како и тренингот на легендарниот стадион Сан Сиро кој нема да биде полн. За разлика од дуелот против Крајова, кога Милан направи рекорд во квалификациите од ЛЕ со продадени 65.763 влезници, за сега нема продадено ниту пола од таа бројка.

Голем број карти се очекува да бидат продадени и на денот на одигрувањето на мечот кој стартува утревечер со почеток од 20:45 часот.

Ова се фотографиите и видеото од Шкендија од пристигнувањето кај италијанскиот гигант кој има 18 меѓународни трофеи и 18 Скудета.